Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (14.02.2018)

Овен

Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките.

Бик

Не се навраќајте на старите нешта. Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред.

Близнаци

Вообичаен ден дополнет со напредок. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долгорочните прашања, како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да им посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје.

Рак

Тензиите денес ќе растат брзо и неконтролирано. Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба. Некоја порака од поранешен близок пријател ќе ви донесе голема среќа.

Лав

Ви се отвораат нови можности. Успех им претстои и на оние претставници чија работа се состои од патување. Исклучителната раздвиженост во интимниот живот може да ви донесе популарност кај лице од спротивниот пол кое вие ќе знаете да го искористите иако врската можеби ќе трае кратко.

Девица

Нема да бидете сигурни во сопствените постапки. Очекувате поддршка од влијателни лица, но малку повеќе од еден Јарец или некоја Шкорпија, немате баш многу добри пријатели на кои можете да им ги доверите вашите проблеми. Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е нагласено астролошкото поле на јавноста и тајните непријатели.

Вага

Престанете да се ангажирате само на деловното поле, посветете му време и на приватниот живот. Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава. Денот е поволен и за работи поврзани со вложување на интелектуален напор. Финансиите ви се одлични, а во љубовта чувствувате неверојатна среќа, искоритете го поволниот ден.

Шкорпија

Пасивните Шкорпии полесно ќе го преживеат овој неповолен период кој доаѓа. Напнатоста постапно ќе ви се зголемува. Неповолните аспекти на планетите ќе ви донесат тешкотии во некои работи. Ве очекуваат и непријателства кои можат сериозно да ја загрозат вашата позиција. Избегнувајте кавги бидејќи секоја конфронтација може негативно да делува врз вас.

Стрелец

На работното место вообичаена атмосфера. Стрелците кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и ситуацијата да ја прикажувате во розова боја може да биде многу штетна врз вашата љубов.

Јарец

Денот би можел да биде многу напорен ако не сте подготвени за отстапки кон некоја Девица, Близнаци, Рак или Водолија. Имате впечаток дека сте доведени во ситуација од која нема излез. Можеби сте лути на некој од вашата околина но имате погрешен став кон многумина. Никој нема ништо против вас.

Водолија

Ако сакате да бидете кооперативни докажете го тоа најдобро што знаете. Дружете се со оние кои не ви посакуваат секогаш најдобро или гледаат свој интерес во работата со вас. Прашањето за парите, маркетингот, пласирањето на вашите идеи не се наоѓа кај вашите блиски туку кај оние кои погрубо постапуваат со вас. Се трудите да бидете први во се, но тоа не ви оди лесно.

Риби

Вашата ситуација е делумно добра, бидејќи примате добри аспекти од планетите, па сите работи поврзани со комуникации одлично ќе ви напредуваат. Ќе имате прилика да направите и некои финансиски договори. Ќе се чувствувате среќно работејќи ги работните задачи кои ви претставуваат задоволство.

GOLD
SN Finansii
To Top