Новости

Здрава исхрана

Далие добро да се јаде лута храна?

Истражувањата велат дека ако сакате да јадете лута храна, вие сте вистински среќник! Лутата храна, односно лутите зачини, се сметаат за еден од рецептите за долг живот, па прочитајте како влијае лутото на нашето здравје.

Едно истражување спроведено на универзитетот Вермонт, опфатило анализа на околу 16 000 мажи од САД, кои пополниле прашалници за своите здравствени и прехранбени навики во периодот од 1988 до 1994 година. Било откриено дека бројот на починати мажи за време на периодот од 16 години бил приближно 34%, но кога била земена во предвид статистиката на оние кои јаделе лута храна, таа бројка била намалена и заокружена на 22%.

Резултатите објавени во списанието „Plos One“, тврдат дека лицата кои јадат лути пиперчиња, имаат до 13% помал ризик од прерана смрт. Се смета дека тое е благодарение на капсаицинот во нивниот состав, кој делува превентивно од артритис и е одлична замена за таблети против болки.

Еден од авторите на истражувањето, Др. Бенџамин Литенберг, објаснува дека од вкупниот број на починати мажи, спрема анализираните податоци при истражувањето, најмал е бројот на починати од срцев удар, кардиоваскуларни болести и мозочен удар.

Што велат други студии?

Слични заклучоци во корист на капсаицинот, биле донесени и во едно истражување спроведено во Кина, во 2015-тата година. Оваа студија опфаќала 500 000 Кинези во средна доба. Лицата кои јаделе лута храна најмалку 3 пати неделно, имале 14% помал ризик од прерана смрт, споредено со лицата кои избегнувале лута храна.

Извор: sezahrana.mk

To Top