Новости

Здрава исхрана

Дали популарното кокосово масло е штетно по здравјето?

Во последно време многу се пишува за здравствените придобивки од кокосовото масло, па сигурно сте слушнале за тоа. Она што можеби не го знаете се непосакуваните ефекти од консумацијата на кокосово масло. Новите истражувања се повеќе ги истакнуваат негативните карактеристики, па ајде да видиме што велат тие.

Сигурно сега и вие сте во забуна. Дали кокосовото масло е штетно по здравјето? Одговорот е потврден, ако го земеме во предвид мислењето на докторите, нутриционистите и истражувачите на Притикин центарот за долговечност во Мајами.

Многумина од оние кои се во бизнисот со кокосово масло го промовираат како „добра” заситена маст. Ова е случај каде што фактите се извртени во фикцијата”, вели д-р Џеј Кени, едукатор и специјалист за здрава исхрана на Притикин.

Зошто се вели дека кокосовото масло е штетно по здравјето?

Сите масла се мешавина на заситени, мононезаситени и полинезаситени масни киселини. А една од причините за запушување на крвните садови, кардиоваскуларните проблеми и многу други доаѓаат од најлошите од нив – заситените масни киселини, кои во кокосовото масло се застапени со 91%.

Лицата кои имаат висок холестерол мора да внимаваат и да го ограничат внесот на заситените масни киселини до 6% од вкупните дневни калории.

Токму ова не инспирира да направиме листа на маслата кои содржат најмногу и најмалку заситени масни киселини.

Масла и масти кои имаат највисок процент на заситени масни киселини:

  • кокосово масло 91%
  • путер 68%
  • палмино масло 51%
  • свинска маст 43%.

Масла и масти кои имаат најмал процент на заситени масни киселини:

Друго што е важно е да се напомени дека постојат различни заситени масти. Некои од нив имаат долг синџир на врски (имаат 12 или повеќе јаглеродни атоми), а некои имаат среден синџир (помалку од 12 јаглеродни атоми). Овие различни заситени масти немаат исто влијание врз нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол во крвта. Заситени масни киселини со долг синџир има во кокосовото масло, маслото од палмовото јадро и палминото масло (кои се познати како тропски масла), кои значително го покачуваат ЛДЛ, односно „лошиот“ холестерол.

Извор: sezahrana.mk

Студирајте на БАС
To Top