Новости

Здрава исхрана

За подобро здравје јадете куркума заедно со црн пипер!

Куркумата е веќе добро познат зачин кој се користи во вид на прав, а има изразито поволно влијание врз здравјето. Новите истражувања потврдуват дека ако куркумата се јаде во комбинација со црн пипер ефектот е уште поголем, затоа што тој го зајакнува нејзиното дејство за неколку стотини пати! Па, јадете куркума заедно со црн пипер, тоа е добитна комбинација за добро здравје!

Коренот куркума е важна состојка од традиционалната азиска медицина веќе стотина години наназад. Последните децении, начуните истражувања ги потврдија моќните антиинфламаторни и антиоксидантни својства на три одделни хемикалии во нејзиниот состав кои се нарекуваат „куркуминоиди“. Тие се всушност заслужни и за изразитата портокалево-жолта боја на куркумата. „Корисни се за срцето, слично како и умереното аеробно вежбање“, било заклучено во три истражувања кои се спроведени на Универзитетот во Цукуба во Јапонија.

Но, куркумата е уште поделотворна ако се консумира заедно со црн пипер. Во зачинот куркума се наоѓа околу 5% од активната состојка позната како куркумин, а од прилика ист процент содржат и зрната црн пипер. Куркуминот му ја дава жолтата боја на зачинот, а пиперинот лутината на црниот пипер. Пиперинот е моќен инхибитор и помошник на метаболизмот. Еден од начините на кои црниот дроб се ослободува од страните супстанции е да ги претвори во растворливи во вода, па полесно да се отстранат од организмот. Но, црниот пипер содржи молекули кои го спречуваат овој процес. Кога човек ќе внесе куркумин во телото, за околу саат време доаѓа до мал пораст на неговото ниво во крвотокот, затоа што црниот дроб активно се труди да го отстрани од телото. Но, ако се додаде 1/4 лажичка црн пипер, биоискористливоста на куркуминот расте и достигнува и до 2000%. Дури и 1/20 од лажичка црн пипер може значајно да го подигне нивото на куркумин во крвта и да ја подобри неговата искористливост.

Интересно е дека, традиционалниот индиски зачин кари, освен куркума, обавезно содржи црн пипер! Друг начин да ја подобрите апсорпцијата на куркуминот е да го консумирате во вид на свеж корен, бидејќи природните масла во коренот куркума ја зголемуваат биоискористливоста за 7-8 пати. Кога се јаде во комбинација со масти, куркуминот може да биде апсорбиран директно од крвотокот преку лимфниот систем, така што, на овој начин се „прескокнува“ црниот дроб.

Како најчесто се припрема куркумата во Индија? – Со црн пипер и со додавање на масти!

Извор: sezahrana.mk

Студирајте на БАС
To Top