Идеални за жештините: 8 намирници кои го ладат организмот - Шеталиште

Новости

Здрава исхрана

Идеални за жештините: 8 намирници кои го ладат организмот

Како што температурите растат, така е пожелно да го прилагодуваме менито и да вклучиме намирници кои го ладат организмот. Во тексот кој следува ви откриваме кои намирници се најдобри во текот на летните топли денови.

Разладувањето можеме да го правиме на различни начини – со туширање, ладна вода, клима уред… Сепак не е лошо да се знае дека храната може да грее или да лади. Затоа во лето е пожелно да се консумираат повеќе намирници кои содржат висок процент на вода и минерали. Тоа е важно бидејќи при потењето се губат минералите, па со внес на овие намирници му помагаме на организмот да функционираа правилно и да се излади. Еве некои од нив:

Бобинкасто овошје

Јагодите, малините, капините, боровинките и другото бобинкасто овошје делуваат базно и според кинеската медицина, допринесуваат за разладување на телото. Така спаѓаат во групата намирници кои се идеални за летниот период.

Краставици

Краставиците се едни од најздравите намирници. Содржат околу 95% вода, а со тоа помагаат да бидете хидрирани и да се изладите во текот на летните денови.

Нане

Листовите од свежо нане го ладат организмот. Идеално е да додадете неколку листови нане во изладена вода и да се напиете.

Анасон

Се смета дека семето од анасон лади, па така може да направите чај од семки од анасон, да го изладите и да се напиете во лето. Ако имате проблем со варењето на храната или ви се прават гасови, џвакајте семки од анасон после оброкот.

Ротквици

Во источната медицина, ротквиците се препорачуваат за регулирање на варењето на храна и се сметаат за намирница која ја намалува телесната температура.

Кромид

Сите знаме дека кромидот е дел од најдобрите здрави зеленчуци, а едно од неговите корисни дејства е тоа што може да ви помогне во превенција на топлотен удар. Додавајте го редовно во салатите кои ги правите во летните денови.

Морски алги

Алгите се здрави, но посебно се препорачуваат да се консумираат во лето, особено кога времето е многу топло. Комбу, вакаме, мараме, спирулина и слично, освен што се богати со хлорофил, витамини, железо, калциум и други минерали, поседуваат и разладнувачки својства.

Лубеница

Класична летна намирница која сите ја сакаат! Лубеницата содржи повеќе од 90% вода, а изобилува со витамин Ц и А, калиум и магнезиум. Може да ја јадете сама, да ја додавате во смуди или во салати.

sezahrana.mk

To Top