Новости

Здрава исхрана

Како да се ослободите од непријатниот здив преку исхраната?

Заборавете на купечките водички за плакнење на усната празнина, на ментол бонбоните, мастиките и спреовите за освежување на здивот. Со помош на здравата храна и некои исклучително важни намирници ослободете се од непријатниот здив.

Предизвикувачи на непријатен здив се најчесто бактериите и забниот плак. Од нив можете да се ослободите многу едноставно со помош на здрав начин на исхрана. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од овој мошне непријатен проблем.

Јогурт

На вашето дневно мени вклучете го јогурт во поголеми количини. Јогуртот го намалува настанувањето на забен плак, гингивитис и хидроген сулфид кој е главен виновник за непријатен мирис во усната шуплина. За таа цел изберете јогурт кој има помал процент на млечна маст. Покрај тоа, избегнете го овошниот јогурт, затоа што содржи шеќери, кои не се сојузници на здивот.

Ананас

Ананасот содржи бромелаин, дигестивен ензим кој има функција на природен прочистувач на организмот. Секогаш избирајте свеж ананас наместо конзервиран. Ананасот од компот содржи многу шеќери, а тоа во никој случај не е добро за забите.

Брусница

Брусницата е исто така одлична намирница за забите, бидејќи таа ги спречува забниот плак и бактериите да се залепат за забите.

Свеж зеленчук

Помеѓу оброците секогаш трудете се да грицкате свеж зеленчук. Тоа го поттикнува лачењето на плунка која го помага чистењето на забите од парчиња на заглавена храна и киселини кои ја оштетуваат нивната глеќ.

Совет плус: За да се ослободите од лошиот здив покрај здравиот начин на исхрана неопходно е да одржувате и редовна орална хигиена. Понекогаш четката и пастата за заби не се доволни, па за некои недостапни места мора да се употребува и забен конец. Исто така треба да внесувате и доволно количество на вода со цел да се поттикне лачењето на плунка, бидејќи дехидрираноста на организмот е прв предуслов за создавање на непријатен мирис во усната шуплина.

sezahrana.mk

GOLD
To Top