Новости

Здрава исхрана

Како да ја победите анемијата на природен начин?

Еден од најважните протеини во организмот на човекот е хемоглобинот. Тој е важен за здравјето на крвта, а неговата главна улога е пренос на јаглеродниот диоксид од ткивата до белите дробови. Нискиот хемоглобин е најчестиот знак за анемија, која настанува како резултат на недостаток на фолна киселина, железо, витамин Б12 или пак поради обилни крварења. Во продолжение повелете мала помош како да се справите со анемијата и да ја победите на природен начин.

Недостатокот на хемоглобин може да биде последица и на развој на канцерогени клетки, заболувања на бубрезите заради задржувањето на течности во организмот, а може да се јави и кај лица кои подолго време примале инфузии. Додека пак, до покачување на хемоглобинот над дозволените граници може да дојде поради дехидратација или при престој на места со повисока надморска височина. Во народната медицина постојат многу рецепти со кои може да си помогнете да се ослободите од проблемот со недостаток на хемоглобин. Па така, може да пробата со природен сок за подобрување на крвната слика, но за полошите случаеви сепак ќе мора да се консуктирате со вашиот доктор за соодветна терапија и суплементи кои ќе треба да ги користите.

Симптоми кои укажуваат на низок хемоглобин во крвта

Најчесто кога во крвта има пониско ниво на хемоглобин се јавуваат одредени општи симптоми кои се карактеристични за таа состојба. Така, тие лица може да чувствуваат зголемен замор, недостаток на енергија за време на извршувањето на секојдневните активности, крварење од непцата, забрзано чукање на срцето, задишаност и воспаление на кожата.

Причини кои предизвикуваат ниско ниво на хемоглобин

Ниските вредности на овој протеин не се секогаш показатели на болест, бидејќи оваа состојба кај некои лица е вродена, а може да се појави и за време на бременост. Но, најчесто недостатокот на хемоглобин во крвта се должи на несоодветна и неизбалансирана исхрана која е сиромашна со железо. Оваа состојба исто така може да ја предизвикана и од пушењето, бидејќи чадот од цигарите се врзува за протеините и ја неутрализира нивната улога. И одредени заболувања може да предизвикаат анемија како што е канцерот или пак одредеи бубрежни болести.

Како да го покачите хемоглобинот?

За да ги покачите протеините во крвта потребно е да направите одредени измени во вашиот режим на исхрана. Треба почесто да консумирате намирници како што се риба, спанаќ, магдонос, грав, семки, црвено месо, сушено овошје, лук, кромид, власец, грашок, цвекло и коријандер. Во борбата со анемијата неопходно е да го зголемите внесот на храна која е богата со витамин Ц, бидејќи тој ја потикнува апсорпцијата на железото. Затоа на лицата кои патат од недостаток на хемоглобин им се препорачува за време на појадокот да испијат по една чаша на свежо цеден сок од портокал кој изобилува со витамин Ц. Исто така, и интегралните житарки се одличен извор на железо, но содржат материја која може да го отежене неговото апсорбирање во организмот.

Добар совет против анемија е и да се избегнува пиењето на кафе непосредно по јадење, бидејќи и кафеинот го оневозможува апсорбирањето на железото во крвта.

GOLD
To Top