Новости

Здрава исхрана

Капините може да превенираат и да го забават растот на карциномот

Една од нашите омилени работи е да ја најдеме врската меѓу вкусната храна и неверојатните здравствени придобивки. Овој пат решивме да истражуваме за малите слатки капини и нивните својства за превенција на карциномот.

Можеби сте слушнале за ORAC скалата во која се вбројуваа храната најбогата со антиоксиданси. А на таа листа се и вкусните капинки кои насекаде може да се најдат во Македонија.

Слично на боровинките, капините содржат најмалку една третина од дневните препорачани количини за четири значајни хранливи состојки, а исто така штитат од предвремено стареење па се до појава на карциноми.

Малите вкусни капини може да превенираат појава на карцином

Едно од најистражуваните здравствени придобивки од капинките е нивната способност да делуваат против карциномите. Ова се должи на изобилството на антиоксиданси кои се наоѓаат во капините. Тие содржат полифеноли, кои претставуваат класа на антиоксиданси кои се познати по нивните антиканцерогени својства. Особено, ова дејство се должи на антоцијанинот кој се наоѓа во големи концентрации во боровинките. Антоцијанините се сметаат за главно оружје на капинките кои се користи против развојот на карциномите.

За пример, за екстрактот од свежа капина е откриено дека има превентивни дејства против карцином на белите дробови. Високото ниво на оксидативен стрес кој предизвикува раст на клетките на карциномот се блокира со антицијанините кои се наоѓаат во капините. Една студија го потврди ефектот на цијанидин-3-глукозид (специфичен антоцијанин) кој се наоѓа во капинките, врз растот на канцерогените клетки на белите дробови.

Ја спречуваат мутацијата на клетките која е една од причините за појава на карцином

Генерално, капините се познати по тоа што помагаат во превенција на мутација на клетките која е почетна причина за појава на карцином. Причините за појава на карцином се комплексни и различни кај секоја личност, но мутацијата на ДНА најчесто доведува до пораст на ова заболување. Консумацијата на храна богата со антиоксиданси како што се капинките помага во намалување на мутацијата.

Една студија од УКЛА во 2006 година го утврдила ефектот на 6 различни бобинкасти овошја, меѓу кои капините, врз растот на карциномот на устата, градите, цревата и простата. Секое од овие овошки поседувала својства да го намали растот на карциномот. Резултатите ги поттикна истражувачите подетално да ги проучат бобинките во борбата со ракот.

Богати се со витамин К кој го дополнува антиканцерогеното дејство

Витаминот К кој се наоѓа во капинките го дополнува нивното антиканцерогено дејство. Една порција капинки задоволува 1/3 од дневните потреби за витамин К. Овој витамин има улога за превенција и борба со карцином на простата, цревата, желудникот, носот, устата и црниот дроб.

Бидејќи овој период капинките ги имаме во изобилство, ве замолуваме да ја споделите содржината. Се надеваме дека на некој од вашите пријатели сигурно ќе му биде од голема корист.

sezahrana.mk

GOLD
GoldSlot
To Top