Новости

Здрава исхрана

Моќен сојузник во борбата против мозочниот и срцевиот удар – банана!

Секојдневниот внес на банани и други намирници богати со калиум може да спречат срцев и мозочен удар, тврдат стручњаците после анализата на најновите истражувања.

Резултатите од истражувањето кое го спроведоа стручњаци од Универзитетот во Алабама покажале дека храната богата со калиум може да ги запре смртоносните блокади така што нема да дозволи ѕидовите на артериите да се стврднат.

Научниците истражувањата ги спроведоа на глувци со висок ризик на срцево болести после конзумирање високи количини масти. После тоа глувците беа хранети со високи, нормални и ниски нивоа на калиум.

Артериите на глувците кои имале ниско ниво на калиум беа многу проблематични. Од друга страна, кај глувите кои примале поголеми количини калиум поретко доаѓало до стврднување на артериите. Исто така, воочено е дека оние глувци кои се хранети со намирнии со висока количина калиум имале помалку крутост на крвните садови.

Доктор Мајк Наптон од британското здружение кое се занимава со истражување на болестите на срцето рече дека неодамнешните студии покажале дека дека недостатокот од калиум во организмот предизвикува стврднување на артериите.

Научниците веруваат дека калиумот има способност д ги регулира гените кои одржуваат флексибилност на артериите.

Просечниот внес на калиум би требало д биде 3.500 милиграми, советуваат стручњаците. Освен во бананата, овој минерал е застапен и во спанаќот, доматот и компирот.

Evrotip
Евротип
To Top