Новости

Здрава исхрана

Псилиум – верен сојузник во борба против вишокот килограми

Дали сте слушнале за псилиум? Тој всушност претставува лушпи кои се добиваат од индиски тегавец. Поседува многу лековити својства и е докажано дека е делотворен во лечењето на синдромот на иритабилно дебело црево, опстопација (запек), рак на дебело црево, улцерозен колитис и артериосклероза. Постојат мал милион причини зошто да почнете да користите псилиум во вашата исхрана.

Богат е со растителни влакна и го намалува холестеролот

Исто како и лененото семе, псилиумот е многу богат со растителни влакна. За растителните влакна е докажано дека се многу успешни во снижувањето на покачениот холестерол, особено ЛДЛ холестеролот кој има штетни последици по здравјето. Благодарение на растителните влакна, консумацијата на псилиум го намалува ризикот од срцеви заболувања, а помага во подобрување на целокупната здравствена состојба.

Превенира појава на запек

Растителните влакна кои се наоѓаат во псилиумот се шират во дигестивниот тракт и се претвораат во желатинозна маса во цревата. На овој начин помагаат во забрзување на метаболизмот и празнење на цревата. Заради овие својства, псилиумот помага за слабеење. Во продолжение ви прикажуваме на кој начин може псилиумот да ви помогне во битката со зголемената тежина.

Псилиум за намалување на вишокот на килограми

Иако, најчесто се користи за празнење на цревата, псилиумот може да биде многу корисен за сите кои сакаат да го намалат вишокот на килограми. Псилиумот е најделотворен ако се зема 30 минути пред оброкот. На тој начин има време да набабри во стомакот и со тоа да пружи чувство на ситост пред јадењето. Така значително ќе се намали бројот на калории кои ќе ги внесете со оброкот.

Како да одберете вистински псилиум кога купувате?

На пазарот постојат многу суплементи на база на псилиум, но не се сите подеднакво добри, затоа бидете внимателни кога купувате. Многу произведувачи псилиумот го мелат во прав и му додаваат вештачки вкусови и бои за да му го подобрат вкусот. Тоа не само што го намалува вкупниот процент на псилиум во производот туку на тој начин без да знаете внесувате и токсични материи. Затоа наша препорака е псилиумот секогаш да го купувате од билни аптеки или од продавници за здрава храна. Секогаш изберете производи кои не содржат адитиви и кои се со органско потекло.

Совет плус: Секогаш кога користите псилиум неопходно е да пиете и големи количини на вода, бидејќи тој бабри и ја впива водата од вашиот дигестивен тракт. Тоа може да доведе до блокада на цревата ако не внесувате доволно количество на вода.

Студирајте на БАС
To Top