Новости

Здрава исхрана

Сок од грејпфрут – природен лек за намалување на шеќерот во крвта и слабеење

Едно ново истражување, чии резултати се објавени на универзитетот Беркли, покажало дека консумацијата на сок од грејпфрут може да ја замени потребата за метформин, лек кој се користи при третирање на дијабетес тип 2.

Грејпфрутот е здраво овошје кое помага за снижување на шеќерот во крвта, а спречува и дебелеење. Уште од 1930-тите години консумацијата на грејпфрут се поврзувала со различни диети, а трендот станал посебно попупален кога веста се раширила во Холивуд.

Меѓутоа, досега не се објавени доволно прецизни истражувања за помошта на грејпфрутот. Од истражувањето кое било спроведено на две групи експериментални глувци биле донесени некои заклучоци. И двете групи биле хранети со многу масна храна, а едната добивала густ природен сок од грејпфрут зз пиење, а другата само вода. Истражувачите утврдиле дека групата која добивала сок од грејпфрут, се здебелила за 18% помалку од другата. Што е уште поинтересно, групата која добивала сок од грејпфрут имала поздраво ниво на гликоза и инсулин во крвта, како и помалку триацил-глицерол, односно помалку маснотии во крвта, споредено со оние кои пиеле само вода.

Иако научниците не можат точно да објаснат како делува грејпфрутот, по зборовите на координаторот на ова истражување, Андреас Стал, сокот од оваа овошка содржи многу активни компоненти кои секој пат при повторувањето на истражувањето даваат исти резултати.

Во друго истражување, на групата на која и бил даван метформин, погоре споменатиот лек кој се користи за снижување на гликозата при дијабетес тип 2, а на другата група и бил даван наргинин, супстанцата која на грејпфрутот му го дава горкиот вкус.  На крајот од истражувањето, дејството на двете супстанции дало исти резултати на крвта. „Тоа значи дека природниот овошен сок од грејпфрут е ефикасен во снижување на крвниот шеќер, исто како и лек од аптека.“ , прокоментирал еден од авторите на истражувањето, професор по нутриционизам и токсикологија Џозеф Наполи.

Совет плус: Сокот од грејпфрут не треба да се комбинира со одредени лекови. Затоа, препорачливо е да го консумирате во умерена количина и да не земате истовремено лекови пред или непосредно по пиењето. Ако имате било каков сомнеж дека не се совпаѓа со некои лекови кои вие ги користите, консултирајте се со вашиот лекар.

To Top