Новости

Здрава исхрана

Сѐ што треба да знаете за витаминот Б1 – тиамин

Б1 е важен за правилен метаболизам, добро функционирање на нервите и мускулите и подобрување на менталното здравје. Житарките, некои овошки и зеленчуци се добар извор на витамин Б1, а дневните препорачани количини зависат од полот, како и од состојбата на лицата.

Улога на витаминот Б во организмот

Витаминот Б1 е неопходен за правилен метаболизам на јаглените хидрати, масти и протеини. Потребите од тиамин се зголемени кај лицата со забрзан метаболизам поради покачена температура, зголемена мускулна активност, хипертироидизам и сл. Неопходен е за правилна работа на нервниот и кардиоваскуларниот систем. За да може да делува витаминот Б1 неопходно е да се внесува и магнезиум, а недостатокот на витаминот Б1 може да доведе до недостаток и на витаминот Б12 и обратно. Витаминот Б6 го активира тиаминот во биолошки активна форма. Тиаминот го осигурува преносот на нервните сигнали, допринесува за правилен мускулен тонус и го подобрува менталното здравје.

Извори на витамин Б1

Тиаминот се содржи во житарките, во внатрешните органи на животните, квасецот, овошјето и зеленчукот. Па така со овој витамин изобилуваат:

  • лебот од цело зрно
  • пченицата
  • пченични никулци
  • црното пченично брашно
  • кафеавиот ориз
  • легуминозите
  • сојата
  • зелката
  • спанаќот
  • компирот
  • јаткастите плодови
  • портокалот
  • доматот
  • џигерот
  • свинското месо
  • рибата
  • жолчките од јајца
  • пивскиот квасец
  • срцето и
  • бубрезите.

Дневни потреби за тиамин

Препорачаната дневна доза за витамин Б1 кај мажи изнесува 1,2 – 1,4 мг, кај жени 1,0 – 1,1, а кај трудници и доилки 1,4 – 1,5 мг. Зголемени потреби од овој витамин имаат алкохоличарите,  лицата кои патат од хронична треска, заболените од црн дроб и жолчно ќесе, лица кои страдаат од долготрајни инфекции, различни цревни болести и долготраен стрес.

Напомена: Тиаминот не треба да се применува за подобрување на апетитот и за лечење на цербрален синдром, дерматитис, хронична дијареја, умор, ментални пореметувања и мултиплекс склероза. Не се познати токсични својства доколку се надминат дневните препорачани дози.

Извор: sezahrana.mk

 

GOLD
To Top