Новости

Здрава исхрана

5 здрави намирници кои не се толку добри колку што мислевте

Ако сакате да јадите здраво, тогаш читајте ги декларациите на производите или информирајте се за потеклото на намирниците. Работите не се секогаш онакви како што изгледаат на прв поглед.

Овошен смути

Само затоа што содржи многу овошје, не значи дека е здрав. Индустриските пакувања на овој „здрав“ напиток се полни со калории и шеќер. Пола литар овошен смути може да има и до 50 грама шеќер, што е приближно исто колку што има шеќер еден газиран пијалок. Ако сакате да пиете смути, направете си свој домашен напиток.

Житарки

Во двесте грама житарки може да се најдат десетина грама шеќер и до 4 грама масти. Исхраната базирана на висока концентрација на шеќер и малку белковини може да доведе до паѓање на енергијата и нагли напади глад. Наместо тоа, изберете интегрални житарки кои на телото му даваат повеќе енергија и комбинирајте ги со извор на протеин, на пример јогурт.

Енергетски пијалоци

Енергетските пијалоци станаа прв избор кога се оди во фитнес центар или се започнува со физички активности. Но, овие напитоци се полни со шеќер, даваат краткотраен набој на енергија после пиењето. Новите студии советуваат дека да се пие многу вода е подобар начин за надополнување на течностите после потењето или уморните мускули да ги „нахраните“ со 20 грама протеин.

Храна со намалена масленост

Диеталните намирници, односно индустриската храна со намалено количество масти не придонесува за губење на килограмите, ниту пак подобрување на здравствената состојба на поединецот. Воглавно се работи за маркетингшки трик кои гарантира поголема продажба. Покрај тоа, мастите му се потребни на човечкиот организам, особено на оние кои доаѓаат од јактастите плодови, рибата и авокадото.

Храна без глутен

Ако не боледувате од целијаклија, мали се шансите дека глутенот во исхраната може да ви наштети. Храната без глутен стана глобален тренд и станува се поголем извор на заработка во светот. Се предвидува дека до 2020 година пазарот со оваа храна ќе вреди неверојатни 24 милијарди долари.

 

 

Evrotip
Евротип
To Top