Новости

Здрава исхрана

6 напитоци кои лечат главоболка

Главоболката може да се јави поради различни причини, но пред да посегнете по таблетка, пробајте прво да делувате со моќта на природата. Ова е листа на 6 напитоци кои лечат од главоболка и помагаат да се опоравите за брзо време.

Наместо да „трчате“ во аптеката, пробајте прво да го најдете решението дома. Еве за кои напитоци станува збор.

Бадемово млеко

Бадемот содржи магнезиум и други минерали кои можат да ја ублажат главоболката и мигрената, но и салицин, кој се претвора во салицилна киселина која содржи аспирин. Ако сакате да го направите сами, еве рецепт за домашно бадемово млеко.

Рибино масло

Рибиното масло содржи омега 3 масни киселини, кои го намалуваат притисокот во крвните садови и ја намалуваат можноста од настанување на тромб. Покрај тоа, рибиното масло може да го намали крвниот притисок и да го регулира пулсот.

Може да ве интересира: Експресен домашен лек против главоболка.

Млака вода со лимон

Ова е одличен напиток за детоксикација на организмот и се препорачува да се консумира секојдневно, наутро, но исто така и во случаи кога чувствувате главоболка. Ако сакате да дознаете повеќе за придобивките од пиењето на млака вода со лимон, кликнете тука.

Чај од нане

Нането ги опушта нервите и мускулите, па дефинитивно е корисен сојузник против главоболка. Направете топол чај и испијте го.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата на крвта и има силно антивоспалително дејство. Исто така, ѓумбирот има благо дејство на опијат и на тој начин ја смирува главоболката. Прочитајте тука повеќе за користа од чајот од ѓумбир.

Сок од домат

Доматот содржи природен шеќер и доста витамини и минерали кои можат да ја ублажат главоболката, а посебно онаа која е предизвикана од мамурлак. Додајте и неколку лути зачини и ќе добиете вкусен лек против главоболка.

Извор: sezahrana.mk

Evrotip
Евротип
To Top