Новости

Здрава исхрана

7 совети за правилно замрзнување на храната

Замрзнувањето на намирниците може да ни заштеди многу драгоцено време, пари и енергија, но и да не поштеди од залудно фрлање на храна. За да го сочувате максималниот квалитет и вкус на намирниците, следете ги овие 7 совети за правилно замрзнување на храната.

Во продолжение ви претставуваме неколку корисни совети за правилен начин на замрзнување на храната.

Изберете соодветна и неоштетена амбалажа за замрзнување

Користете кеси, тегли или пластични амбалажи кои се посебно означени дека се соодветни за замрзнување на храна. Ако кесичките и пластичните садови во кои планирате да ја замрзнете храната се отштетни, немојте да ги користите. Истите нема да ја обезбедат потребната заштита.

Запишете што има во кесичката и на кој ден сте ја замрзнале храната

Секогаш запишувајте што има во кесичката во која сте ставиле храна за замрзнување. Ќе бидете изненадени колку слично изгледаат многу чорби, супи и сосови кога ќе ги замрзнете. Затоа изберете ќеси за замрзнување, на кои има место означено за таа цел. Или земете самолеплива хартија, залепете ја и со фломастер запишете што има во кесичката.

Истовремено, следете ги инструкциите на секој тип на храна за временските ограничувања за нивно складирање во замрзнувач. На пример, некои намирници може да се замрзнуваат 3 месеци, а некои 6. Доколку храната ја чувате подолго од препорачаниот временски рок, истата ќе биде со многу помал квалитет. Затоа, на кесичката запишете го и денот на замрзнување на храната.

Правилно организирајте го просторот во замрзнувачот

Секогаш чувајте ги поголемите предмети во задниот дел на замрзнувачот. Помалите предмети ставете ги пред нив за секогаш да имате јасен преглед на намирниците во него.

Никогаш не го преполнувајте фрижидерот. Секогаш оставајте малку слободен простор за да може воздухот слободно да циркулира.

Кога сме кај организацијата, можете да си направите листа со намирниците кои ги имате во вашиот фрижидер и да ја залепите на неговата вратата. Тоа навистина може да ви го олесни животот.

Замрзнувајте намирници со добар квалитет

Секогаш користете намирници со добар квалитет. Храната со лош квалитет после замрзнувањето може да изгуби повеќе хранливи состојки.

При замрзнување на течна храна оставете малку простор во амбалажата

Кога замрзнувате течна храна секогаш оставајте малку празен простор во амбалажата. Тоа е важно затоа што течностите при мрзнење се шират и го зголемуваат својот волумен. Ако нема доволно место може да дојде до пукање на амбалажата.

Немојте да замрзнувате топла храна

Никогаш не замрзнувајте топла храна. Почекајте да се излади на собна температура, па потоа ставете ја во вашиот замрзнувач. На тој начин ќе за зачувате правилната работа на замрзнувачот и ќе го продолжите неговиот работен век.

Еднаш одмрзнатата храна немојте да ја замрзнувате повторно

Можеби веќе знаете, дека еднаш одмрзнатата храна не треба да се замрзнува повторно.

Се надеваме дека овие 7 совети за правилно замрзнување на храната ќе ви бидат од голема корист и ќе ги подобрат вашите кулинарски вештини.

sezahrana.mk

Студирајте на БАС
To Top