Новости

Здрава исхрана

7 совети кои ќе ви помогнат да се храните здраво

Најчесто рестриктивните диети не функционираат, па за  да го забрзате метаболизмот и да ослабнете на здрав начин, а што е поважно да го спречите повторното враќање на килограмите, треба да се потрудите малку повеќе. Иако, целиот процес на слабееење често е фрустрирачки и бара огромно жртвување, не треба да се откажете од вашиот сон за здрава телесна тежина. Напротив, треба да направите повеќе промени во вашата рутина, да се храните здраво и да бидете упорни, а резултатите од целиот ваш труд ќе бидат неизбежни.

Еве неколку совети кои се проверено ефикасни, а ќе ви помогнат да се храните поздраво и да стекнете здрави животни навики.

Јадете кога се чувствувате гладни

Многу диети имаат точен распоред за тоа кога треба нешто да изедете и што да изедете, но факт е дека секој организам е различен и дека не се сите луѓе исти. Па така, доколку во некои денови имате повеќе апетит отколку вообичаено, обидете се да се прилагодите на таа ситуација и секогаш слушајте што ви говори вашето тело.

Престанете со јадење во оној миг кога ќе почувствувате дека сте сити

За ова сигурно ќе ви е потребна мала пракса, бидејќи никој не сака да си го остави оброкот недојаден, особено ако истиот е превкусен. За таа цел клучно е никогаш да не си дозволите да прегладните, па така и никогаш нема да се прејадите.

Фокусирајте се на она што можете, а не на она што не можете да го јадете

Обидете се да пронајдете здрава, но вкусна храна и немојте да се обврзувате дека ќе јадете брокули или ќе пиете безвкусно смуди, иако немате ни малку желба за истото. Експериментирајте и пронајдете го она што на вас најмногу ви одговара и не се држете слепо до она што во моментот е тренд во здравата исхрана наменета за слабеење.

Заборавете на чувството на вина

Сте изеле коцка чоколадо или сте попуштиле пред искушението да изедете парче торта иако не сте биле гладни? Воопшто не треба да се чувствувате виновно, бидејќи тоа може да му се случи на секој. Но сепак, нареден пат почекајте да огладните пред да посегнете по храна. Немојте ни случајно поради тоа мало задоволство да се казнувате и да прескокнете некој редовен оброк.

Инспирирајте други

Доколку имате профил на Instagram, Тwitter или Facebook можете повремено да го сликате вашиот здрав оброк и да го споделите со пријателите. Исто така, и вие почнете да следите профили кои споделуваат слики со здрава храна и меѓу нивните постови побарајте инспирација за во иднина.

Бидете свесни за секој залак храна, па дури и ако јадете пред телевизор

Најдобро е секој оброк да се јаде на трпезариската маса, биејќи на тој начин сте свесни колку сте изеле, па сте фокусирани само на оброкот и помали се шансите да изедете повеќе отколку што би требало. Но, без разлика каде и да јадете, па дури и пред телевизор, обидете се да размислувате за тоа колку сте изеле.

И овошната салата може да биде десерт

Важно е секојдневно да се наградувате себеси со ситници кои нема да го нарушуваат вашиот здрав начин на исхрана, но ќе ви ја задоволат желбата за благо. На пример, наместо само да го измиете јаболкото и така да го изедете, можете да го исечкате на парчиња и да го прелиете со лимонов сок,  мед и цимет и на тој начин обичното јаболко да го претворите во вистински десерт.

sezahrana.mk

Студирајте на БАС
To Top