9 најдобри намирници за летните денови - Шеталиште

Новости

Здрава исхрана

9 најдобри намирници за летните денови

Топлото време е тука, а жештината почнува да го тестира прагот на издржливост. Работните обврски мора да се тераат и покрај топлината и промените на енергијата во денот. Постојат и такви кои имаат проблем со сонот, а други со апетитот или едноставно не знаат како да се хранат соодветно на временските прилики. Токму затоа, оваа содржина ја посветуваме на информации за тоа кои се најдобри намирници за летните денови и зошто е добро да ги јадете.

Бидејќи летните денови ќе потраат, а на телото му се потребни витамини и минерали, еве кои намирници ќе ви помогнат да се заштитите од високите температури.

Зеленчук

Зеленчукот е добро да се јаде преку целата година, а посебно во лето, зато што содржи високо ниво на вода. А, како препорака, избегнувајте пржење или варење на зеленчукот, и што повеќе јадете го во свежа форма!

Печен компир или салата во комбинација со тестенини

Колку и да звучи неверојатно, храната богата со јаглени хидрати помага во борбата против жештината. Се препорачува во текот на денот да земате мали количини на скробни намирници, на пример, пита со фил и слично, кои ќе ве обезбедат со доволна количина на енергија.

Сезонско овошје

Сезонското овошје има висока содржина на вода и е важно за одржување на оптималната хидратација на организмот. Тоа е важно, затоа што постојаното потење го води телото до дехидратација.

Јогурт

Ако сезонското овошје го надополните со јогурт, тогаш добивате идеален појадок. Јогуртот исто така, е одлична храна за лето, затоа што ги стимулира добрите бактерии во телото, ги штити цревата и овозможува правилно функционирање на организмот преку целиот ден. Оризот, овошјето, јогуртот и млекото се одлични сојузници против жештините.

Зазики сос – салата

Наликува на таратур, а претставува комбинација од краставици и јогурт. Исклучително е вкусен и содржи повеќе од 95 % на вода. Супер за лето! Рецептот за негова подготовка може да го прочитате тука.

Кромид

Посебно црвениот кромид е создаден за летото! Содржи кверцетин, кој делува позитивно против разни воспалителни процеси, така што ги ублажува. Посебно убава комбинација е ако го подготвите во шопска салата.

Маринирано месо на скара

Маринадата го намалува нивото на канцерогените соединенија кои настануваат за време на печењето на месото. Научните истражувања не можат да го објаснат до крај тој феномен, меѓутоа од повеќе студии е потврдено дека маринадата е корисна кога месото се подготвува на скара. Некои од корисните факти на кои посочуваат научниците се дека се смета оти маринадата е богата со антиоксиданси. Посебно поволно влијае кога е приготвена од киселина или лимонов сок, лековити и зачински растенија и секако маслиново масло.

Банани и зелени зеленчуци

Бананите се богат извор на калиум, а тој помага за регулирање на губитокот на течности при прекумерно потење. Ако не обожавате банани, јадете зелен зеленчук, грав, сушено овошје или житарки.

Дињи

Дињата е исклучително богата со вода, дури и 90%. А многу пати досега веќе спомнавме зошто е потребно тоа мза здравјето, а посебно во лето.

Извор: sezahrana.mk

To Top