Новости

Направи сам

Ароматично и ефикасно средство против комарци

Постои едно многу едноставно и ефикасно решение против комарци кое може да го направите сами. А, освен тоа ќе имате пријатна, освежителна арома без хемикалии. Потребни ви се еден зелен лимон и семки од каранфилче. Зелениот лимон пресечете го на половина и ставете го во чинија. Во него ставете неколку зрна каранфилче и готово, вашето ароматично средство е готово.

Домашното средство против комарци од лимон и каранфилче може да го ставите пред вас, на масата, на отворените прозорци во собата, а ќе би биде гарантирана мирна ноќ и мирисни сништа.

Доколку во моментот немате зелен лимон, а пријателите ви се најавиле, имаме уште едно решение против комарци. Може да направите замка за комарци, а потребни ќе ви бидат пластично шише, малку кафеав шеќер, квасец, лепак и стари весници. Постапката за изработката на оваа замка, прочитајте ја тука.

Извор: sezahrana.mk

To Top