Новости

Направи сам

Едно по едно ќе решавате и бизнисот ќе тргне

Тамара Горјуп одлучила да направи бизнис со здрава, сирова и вкусна храна и да ја понуди на пазарот.

Вели дека креативноста и желбата сама да си го организира времето, ја натерало да почне свој бизнис.

„Здравата исхрана ме интересираше отсекогаш. Многу читав и пробував на таа тема, додека конечно не ја открив сировата храна и се заљубив во неа. Мислам дека тоа е најдобро за секого – вели Горјуп.

Билки, овошје, зеленчук, семки, зрнести плодови се состојки од кои направила производ.

Таа почнала прва да ги конзумира, видела дека има енергија за цел ден, а потоа производот го вкусиле и други луѓе.

Имала пријател кој е книговодител кој многу помогнал на почеток. Конкурирала за кредит за старт ап и со тие средства си го олеснила водењето бизнис.

Вели дека на почеток има многу непознати работи како фактури, продажба, промоција.

Горјуп ги охрабрува младите ако сакаат свој бизнис да почнат и со малку пари, но ќе им треба многу труд и време.

Извор: faktor.mk

Студирајте на БАС
To Top