Новости

Направи сам

За година дена од блог направила профитабилен бизнис

Кога почнала да се слика и објавува модни комбинации на блогот „Stasha fashion“ Анастасија Ѓуриќ не мислела дека таа „занимација“ ќе и стане работа. И тоа профитабилна. Сепак, храброста и фантазијата ја одвеле токму во тој правец и денес таа е една од нјавлијателните модни блогерки.

Анастасија признава дека била прилично скептична по прашањето за таква кариера и на некој начин, пресврт, но пред се најголема поддршка пред се и бил сопругот. Интересно-тој нема ни една социјална мрежа и не сака да се експонира.

„Ни секунда не зажалила поради промената на кариерата. Се случувало да помислам дека оваа работа не е за мене, но секој ден сум се посреќна и го работам она што најмногу ме исполнува. Мислев и дека некако ќе бидам оддалечена од луѓето, дека ова е осамена мисија, но е тотално спротивно. Запознавам прекрасни луѓе секој ден и тоа ме исполнува“, раскажува Анастасија на која не и е тешко да работи кога е болна, а за својата плата се изборила веќе после година дена „работа“.

Таа вели дека оставила една работа за да се занимава со социјални мрежи и за година дена нејзината заработка ја надминала платата која ја имала.

Младите колеги и почетници ги советува: Следете го својот инстинкт.

Открива дека немала никаков план или стратегија кога го почнувала бизнисот. Секогаш го следи инстинктот и досега многу добро ја служел. Суштината на нејзината работа ја претставува неа и нејзиниот свет, живот и во многу ситуации е многу спонтана, така да апсолутно немала бизнис план.

Иако решила она што и било хоби да го направи бизнис, никогаш толку не размислувала за заработката колку за изразување на креативноста.

Извор: faktor.mk

Студирајте на БАС
To Top