Новости

Направи сам

Направете организатор за списанија од стара кутија

Картонските кутии со била каква големина и првична намена, не треба да ги фрлате бидејќи може да ги искористите за многу корисни и убави работи. А доколку имате на располагање кутии од житарки или мусли може да ги искористите и да си направите организатор за списанија.

Направете организатор за списанија од стара кутија за житарки

За да направите совршен организатор за списанија следете ги инструкциите и погледнете го видеото на кое подетално е објаснета постапката. Полесно е и поедноставно отколку што мислите.

За да направите организатор потребни ви се:

  • 2 картонски кутии од житарки
  • украсна хартија
  • течно лепило
  • лепило
  • ножици.

Начин на изработка на организаторот за списанија

  1. Со помош на ножица исечете по краевите на кутијата како што е прикажано на видеото.
  2. Потоа, исечете го горниот дел на кутија од каде што ја отворате.
  3. Од првиот дел кој го исековте, скратете 2/3. Постапката повторете ја и со втората кутија.
  4. Двете кутии поставете ги една кон друга, а потоа краевите прицврстете ги со лепило. Притоа треба да добиете голема кутија.
  5. Од вака добиената кутија исечете ½ од страничниот помал дел. Потоа од двете страни, со помош на ножицата исечете триаголници (дијагонално) со што треба да го добиете класичниот изглед на организатор за списанија.
  6. Земете правоаголна украсна хартија. Врз неа поставете го организаторот и нанесете течно лепило. Украсната хартија добро залепете ја од сите страници со помош на лепилото. Вашиот организатор за списанија е готов. Декорирајте по желба.

Извор: sezaharana.mk

To Top