Новости

Направи сам

ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРИКАЗНА: Вработените се срце на секоја работа

Кон крајот на 80-те години на минатиот век со сопругот почнала приватен бзинис.

Имала многу планови, а животот и се променил. Слаѓана Шуманац од Ужице не се откажала и во 1994 година отворила бурекџилница „Blue Moon”.

Денес тоа е семеен бизнис во кој се вклучени и децата.

Таа не сака да ги менува работниците, а некои од нив кај неа работат од основањето или цели 23 години.

Вели дека многу од нив дошле како средношколци, а сега имаат и големи деца и сите заедно се однесуваат како едно големо семејство.

„Со носталгија ако се сеќаваме на времињата пред 90-те, тогаш не беше лесно да се најде соодветна работа. Со завршена гимназија и незавршен Правен факултет јас и сопругот сфативме дека нема да најдеме работа која ќе одговара долгорочно на нашиот темперамент“ – раскажува Шуманац.

Додава дека имало тешки периоди во секоја смисла, посебно додека земјата се соочувала со хиперинфлација и санкции.

Кога почнала со свој бизнис вели дека пазарот бил празен и работите биле оставени на креативност и интуиција, затоа што литература и интернет немало.

Шуманац е противник на честото менување на работници и додава дека тие мора да се обучуваат и да имаат чувство на припадност. За работниците вели дека се срце на секоја работа.

Извор: faktor.mk

GOLD
SN Finansii
To Top