Новости

Направи сам

Секој пар е приказна за себе: До успешен бизнис преку рачно направени дрвени наочари

Со визија да создадат производ од единствен дизајн и постојан квалитет, кој ќе биде резултат не само на нивната креативност и вештина, создавачите на уникатни и за многумина неоткриени наочари тежнеат преку секоја колекција да откријат нови убавини на природата и начини на кои природата и човекот се поврзуваат. Со често воведување на измени во дизајнот и процесот на изработка се трудат да ги надминат границите и да одат чекор напред во создавањето. Непрестајно ги унапредуаат и усовршуваат техниките со кои дрвото го обликуваат, обликуваат и претвораат во единствен производ.

Како почна приказната за создавање на дрвени наочари и откаде дојде идејата

„Идејата ни дојде случајно. Баравме да си купиме наочари, и налетавме на дрвени. Бидејќи не можевме да ги порачаме онлајн одлучивме да ги направиме сами. Планот беше тоа да го направиме во наредните седум дена но на тој пар наочари му требаа речиси 4 години. Фирмата ја отворивме во почетокот на 2015 година и еве две и пол години изработуваме уникатно рачно работени дрвени наочари „prayeyewear“, раскажува Исток Радованов од Зрењанин, соседна Србија за Фактор како почнува приказната за овој необичен бизнис.

Со мал почетен капитал од неколку стотина евра тие се впуштаат во авантурата а заработените пари вели Радованов ги вложуваат во фирмата и ден денес.

Инспирација пред се, бараат во самите материјали и комбинации на дрво и неговата структура. „Секогаш не инспирира нешто ново посебно стари рамки кои се носеа во 60-70 тите години“, раскажува Исток Радованов.

Процесот на правење наочари пред се е доста комплициран и за секој пар се потребни од 8-10 часа и преку 30 фази, откриваат измителите на Pray eyewear кои посочуваат дека во постапката на создавање на дрвените наочари прво се подготвува материјалот, се сече, потоа се лепат додатни делови па оди шмирглање и на крај завршно полирање.

Работат и за Србија и за Регионот. Pray дрвените наочари може да се најдат и кај нас, и во Хрватска, Црна Гора и Германија засега.

Работат онлајн продажба но наочарите се продаваат и по оптики и концепт на „store“, зависно од градот и државата, а имаат и за сонце и диоптриски наочари.

Нивни клиенти се луѓе кои ја препознале идејата која овие момци ја шират веќе неколку години и кои имаат љубов кон уникатни и рачно работени нешта. Pray наочарите ги носат средношколци, пензионери и сите генерации помеѓу нив, а се наоѓаат и на лицата на многу туристи кои од Србија ги однеле во Америка, Азија и Африка.

Колку е исплатлив овој бизнис

За секоја работа е потребно време да биде исплатлива.

„Ние работиме само 2 години и целите приходи ги вложуваме назад во материјали, машини и маркетинг. Оваа година во тренд се големите и гломазни полни рамки во разни бои но и понатаму црната е најпродавана“, додава Исток Радованов.

„Претприемништвото е прекрасна работа но мора да бидете подготвени на доста откажувања и на секојдневна борба 24/7.

Најдобро е чуството кога работите за себе и кога се зависи само од вас“, е пораката која овие млади претприемачи им ја праќаат на сите оние кои имаат во план да почнат сопствен бизнис и нешто поинакво.

Извор: faktor.mk

Студирајте на БАС
To Top