Новости

Направи сам

Со помош на сол и киселина до чиста пегла за алишта

Дното на пеглата е тешко да се исчисти, но затоа и ја припремивме оваа содржина, за да ви ја олесниме работата. На многу пегли со времето остануваат остатоци од облеката, прашина и слично, а тоа го отежнува пеглањето. Но, со помош на состојки од кујната може да имате чиста пегла за алишта и тоа бесплатно.

Црните и темните флеки се показатели дека пеглата треба да се чисти. Кај поквалитетните пегли вакви незгоди се случуваат поретко, но сепак многу домаќинки се соочуваат со овој проблем.

Сол и киселина може да бидат решение за проблемот

На памучна крпа посипете околу 1 лажица морска сол. Пеглата загрејте ја на најсилно (пареата треба да биде исклучена), па поминете со пеглата врз крпата со сол барем неколку пати. Нечистотиите ќе се залепат на солта, а дното на пеглата ќе остане чисто.

Измешајте еднакви количини на алкохолна киселина и сол.  Течноста турете ја во тенџере, па загревајте ја на оган додека солта се растопи, а пред киселината да зоврие. Со помош на памучна крпа, која треба да ја натопите во топлата течност, нежно тријте го дното на пеглата. Ако има потреба тријте малку посилно додека нечистотиите исчезнат потполно.

За да ги исчистите дупчињата на пеглата употребете памучни стапчиња за чистење на уши. Како средство за чистење можете да употребите киселина или да земете од течноста која претходно ја опишавме за чистење на целото дно на пеглата.

Лесно е нели?

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top