Новости

Направи сам

Уметност од монистра преточена во модерен накит

Погледнете го накитот на младиот битолчанец Дарко изработен од монистра и високо квалитетни материјали како на пр. полускапоцен камен, кристали, акрилни и полимерни камења и користење на шибори свила по најновите светски трендови. Тој е единствен во Македонија кој сам си ја изработува шибори свилата во араси техника (техника на пласирање на свила во вид на трака која подоцна се аплицира на основа од филц , која подоцна служи како флуидна основа врз која се додаваат други материјали за да се креира едно парче накит). Неговиот накит е изработен во техника на везење и плетење со монистра, но е повеќе познат во примената на нови техники и материјали во секоја негова наредна колекција. Се е изработено со врвен квалитет и трајност на производот. Дел од неговиот накит можете да го погледнете во галеријата подолу, но и на следниот линк од неговата facebook страна: https://www.facebook.com/DarkoHandmadeJewelry/

 

Ланче Ариел изработено од обоени морски звезди, монистра и кристали.

Ланче изработено од бисер од тиркизен камен, циркони, крупна монистра, кристални камења и шибори свила.

Ланче Водна Нимфа изработено од полимерни камења, кристали и монистра.

Ланче изработено од полимерни и акрилни камења, кристали, бисери и монистра.

Ланче во нијанси на жолта, бела, сива и сребрена нијанса изработено од кристали, стаклени елементи и кабошон и шибори свила.

Ланче во пастелни бои со кристални камења и примена на шибори свила.

Ланче изработено од метални, акрилни и полимерни камења, кристали, дрвени перли и монистра.

 

 

 

 

 

Студирајте на БАС
To Top