Велигденски јајца бојадисани во црно вино - Шеталиште

Новости

Направи сам

Велигденски јајца бојадисани во црно вино

Потребно е:

5 јајца

500 мл црвено вино, по избор, се препорачува домашно

eдна лажица сол

Подготовка:

Ставете ги јајцата во сад, а црвено вино сипете толку колку да ги прекрие јајцата. Додајте и сол.

Кога виното ќе зоврие, нека продолжи да се варат уште пет минути. Потоа, поклопете го садот и оставете го така од 8 до 12 часа, или да отстојат преку ноќ.

Наутро извадете ги и ставете ги на крпа да се исушат.

Посебно ќе се изненадите кога ќе почнат да светкаат од кристалите кои ги создава виното.

To Top