Како да направите мермерни велигденски јајца - Шеталиште

Новости

Направи сам

Како да направите мермерни велигденски јајца

Има толку многу техники, а толку малку време, нели? Изберете ја својата најдобра и најомилена техника за боење на јајцата овој Велигден.Овој пат ќе имате можност да ја погледнете многу интересната техника за изработка на мермерни велигденски јајца.

Нивното име „мермерни“, потекнува од нивната шара, а за нивното украсување ќе ви бидат потребни само неколку едноставни и лесно достапни материјали.

Материјали кои се потребни за мермерни велигденски јајца:

  • пластичен сад со малку вода
  • лак за нокти
  • чепкалки за заби
  • најлонски или гумени нараквици
  • хартија за поставување на боените јајца
  • тврдо варени јајца.

Подготовка:

  1. Во пластичниот сад ставете малку вода, а потоа со помош на четкичката од лакот ставете капка во водата. Капката ќе се рашири во водата во форма на концентричен круг.
  2. Постапката повторете ја со повеќе бои на лакови.
  3. За да добиете поинтересна шара со дрвена чепкалка преминете преку боите, а потоа внимателно ставете ги јајцата во таа течност. За да не ви се пренесе бојата на рацете, заштитете ги со најлонски или гумени нараквици.
  4. Кога јајцата се обоени, оставете ги да се исушат врз хартијата (може пекарска хартија) која сте ја избрале.

За најдобро да можете да ја изведите техниката на боење на мермерни велигденски јајца, ви предлагаме да го погледнете краткото видео. Уживајте во моментите и среќни празници!

Извор: sezahrana.mk

To Top