Новости

Направи сам

ФОТО: Креативни идеи за велигденски декорации

Ако се уште не сте завршиле со украсувањето на вашиот дом за Велигден, еве неколку идеи како да го направите тоа, а да бидете оригинални и креативни.

Свежото цвеќе е задолжителен детаљ, а лалињата во разни бои се неизбежни за ваква пригода, но можете да поставите и нарциси или цветни букети од полско цвеќе.

Доволно е да го одберете омиленото цвеќе и во бојата која најмногу ја сакате, а околу него да изработите интересна декорација со која ќе го украсите животниот амбиент: од ѕидот, преку празничната трпеза, па се’ до вратата.

Во продолжение, ви претставуваме повеќе оригинални и креативни декоративни идеи за сечиј вкус и секаков стил на уредување. Погледнете ги и бидете креативни во пресрет на велигденските празници и веселите пролетни моменти.

 

Evrotip
Евротип
To Top