Видео рецепт: Направете смајли компирчиња - Шеталиште

Новости

Рецепти

Видео рецепт: Направете смајли компирчиња

Spoon University

Невозможно е да не им се радувате на овие превкусни пржени компирчиња во форма на смајли. Едноставно изгледаат преслатко. Но освен што шират радост со изгледот, превкусни се и за јадење. Крцкави однадвор, меки внатре…Едноставно ќе ви го развеселат денот…

Потребни состојки:

  • два компира
  • 3  лажици нишесте
  • четвртина чаша брашно
  • три лажици лебни трошки
  • 1 јајце
  • масло за пржење
  • сол и црн бибер по вкус

Излупете ги компирите, исецкајте ги на коцки и ставете ги да се варат 15-20 минути додека омекнат. Издробете ги компирите заедно со нишестето, брашното, солта, црниот бибер и лебните трошки. Додајте го јајцето. Доколку смесата ви е потечна, додадете уште малку лебни трошки.

Ставете хартија за печење или пластична фолија и набрашнете ја, па ставете го тестото. Набрашнете го тестото одозгора и ставете горе уште едно парче хартија. Потоа со сукало израмнете го тестото со дебелина од нешто повеќе од половина сантиметар. Внимателно извадете ја горната хартија. Со чаша извадете крукчиња од тестото. Со цевка направете очи, а со лажица уста на крукчињата. Смајли компирчињата пржете ги 15-20 минути во масло загреано на околу 200 степени целзиусови. Откако ќе станат крцкави од двете страни извадете ги и ставете ги на хартија за да се впие маснотијата.

To Top