Новости

Рецепти

Едноставна чоколадна торта со пудинг

Пробајте ја фантастично вкусната чоколадна торта со пудинг, по рецепт од кујната на Сé за храна.

За да ја направите потребни ви се неколку едноставни состојки, а е одлична за родендени или други куќни свечености. Рецептот е повеќе пати испробан, па не двоумете се да го пробате.

Состојки:

  • 9 лажици брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици чоколадно какао.
  • 4 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 50 мл масло
  • 250 мл млеко.

Фил:

  • 500 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 100 грама чоколадно какао
  • 100 грама шеќер
  • 200 мл млеко
  • 100 грама путер по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад за матење се ставаат јајцата и шеќерот. Се матат со миксер за да се растопи шеќерот и смесата се згусти.
  2. Во длабока чинија се ставаат брашното, прашокот за печиво, какаото, ванилиниот шеќер и убаво се мешаат.
  3. Во садот со изматените јајцата се додаваат млекото и маслото, и се меша со лажица за да се изедначат состојки. Потоа, се додава сместа од брашното и се меша со лажица, за да се добие хомогена смеса без грутчиња. Смесата за пандишпан ја ставаме во плех обложен со хартија за печење. Пандишпанот го печеме во заграена рерна на 220 степени за време од 10 до 15 минути. Штом пандишпанот ќе се испече (проверете со чепкалка), извадете го од рерната и оставете го да се излади.
  4. Во меѓувреме, во тенџере на оган, на средна температура ставете 400 мл млеко да се вари. Во длабока чинија ставете ги пудинзите од чоколадо и додајте 3 лажици шеќер. Измешајте ги и постепено додавајте 100 мл млеко. Штом млекото во тенџерето ќе зоврие, додајте ги пудинзите и константно мешајте за време од 2 до 3 минути, додека пудингот се згусти. Тенџерето со пудинг тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади.
  5. Во тенџере на оган, на средна температура ставете ги какаото, шеќерот и млекото. Измешајте ги состојките, а штом шеќерот се растопи и се добро се соединат, тенџерето тргнете го од оган и оставете го филот да се излади.
  6. Во длабок сад ставете го изладениот пудинг и изладениот фил од какао. Измешајте ги со лажица. Путерот изматете го со миксер и додајте го во чоколадниот фил. Продолжете да матите со миксерот за да се добие хомоген фил.
  7. Изладениот пандишпан извадете го од плехот и исечете го на 3 еднакви ленти. Првата лента ставете ја врз чинија за торта и нанесете 1/3 од филот. Потоа ставете ја втората лента и нанесете фил. На крај ставете ја третата кора и целата торта премачкајте ја со фил. Приготвената чоколадна торта со пудинг декорирајте по ваш избор со парчиња чоколадо, чоколадни трошки, мелени лешници, бадеми и слично, и секако поканете ги пријателите за дегустација! На здравје!

Извор: sezahrana.mk

Evrotip
Евротип
To Top