За само 4 дена намалете 10см во струкот - Шеталиште

Новости

Рецепти

За само 4 дена намалете 10см во струкот

Се работи за посебен напиток кој го осмислила нутриционистката  Cynthia Sass.

Го испробала и тврди дека навистина помага да се смали обемот на струкот. Се исплатува да се проба пред летото.  Нутриционистката Cynthia Sass, авторката на диетата за рамен стомак тврди дека со пиење на тн Саси вода се губат дури дест центиметри во струкот и тоа за само четири дена.

За пијалокот кој самата го креирала и испробала вели дека освежува, ревитализира, ја намалува надуеноста и го смирува пробавниот тракт , ја поттикнува пробавата, а содржи многу малку калории. Ова е рецепт за Саси вода: Состојки:8 чаши вода (вкупно околу два литра) и лажица изрендан ѓумбир и свежа краставица средна големина, 1 лимон средна големина ,12 листови зелено нане. Подготовка :Краставицата и лимонот исечете ги на тенки парчиња и ставете ги во вода заедно со останатите состојки. Промешајте и оставете во фрижидер преку ноќ. Процедете.

Нутриционистката напоменува дека во текот на тие четири дена, додека се пие овој пијалок, треба да се одбегнуваат слатки и останатата нездрава храна како и мрсните висококалорични оброци. Не е добро да се пие ниту газирана вода. Треба да се јадат здрави продукти во мали оброци и да се движите повеќе отколку обично. Речиси сите состојки се природни диуретици што ќе го поттикне исфрлувањето на вишокот течности од телото.

To Top