Новости

Рецепти

Лесен колач со боровинки

Меко и убаво за јадење, свежо од боровинките и слатко ароматично.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 2 чаши шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 чаша овошен јогурт од боровинки
  • 1/3 чаша масло
  • 3 чаши брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 150 гр боровинки.

*Чаша за мерење е од 150 мл

Подготовка:

  1. Јајцата со шеќерот и ванилата изматете ги да постанат светли и да се зголеми волуменот. Потоа додајте ги маслото и јогуртот и со најмала брзина продолжете со матењето да се спојат со јајцата. На крај додајте го и брашното измешано со печивото и изматете за да се изедначи смесата.
  2. Смесата турете ја во тава (25х30см), претходно намачкана со путер и посипана со брашно. Одозгора наредете ги боровинките и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени за време од околу 30 минути.
  3. Печениот колач оставете го да се излади, а потоа послужете го. По желба посипете го и со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Извор: sezahrana.mk

Evrotip
Евротип
To Top