Новости

Рецепти

Макарони со кари и лосос

Состојки:

  • 250 гр макарони
  • 150 гр чаден лосос
  • 100 гр замрзнат грашок
  • 1/2 главица кромид
  • 5-6 листови босилек
  • 1 лажица кари
  • масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере ставете ја водата вода да зоврие. Откако ќе зоврие додајте го кари зачинот и макароните.Оставете ги да се варат за времето означено на паковката, а потоа исцедете ги.
  2. Во меѓувреме грашокот малку сварете го да омекне, околу 5 минути и оставете го на страна. Доколку користите од конзерва само исцедете го од водата.
  3. Кромидот треба да биде исечкан на тенки, долгнавести парчиња. Во тава со масло пропржете го додека стане стаклест.
  4. Додајте ги сварените макарони, грашокот, лососот искинат на парчиња, босилекот и измешајте ги.
  5. Додајте сол и црн пипер по вкус. Послужете ги веднаш, по желба посипани со пармезан. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

To Top