Новости

Рецепти

Наместо Нутела – направете сами чоколаден путер со лешници

Ако ви досадиле стандардните намази за појадок, еве ви една многу вкусна и едноставна идеја, која ќе ја обожавате и вие, а за децата нема никаков сомнеж. А, како да не го обожаваат овој вкус? Не се јаде секој ден чоколаден путер со лешници!

Путерот од кикиритки ни е многу познат и многумина од нас го пробале. А, сте слушнале ли за чоколаден путер со лешници? Ова е нешто што не се пропушта! Еве како да го припремите.

Состојки:

  • 200 гр лешници
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици мед.

Подготовка:

  1. Рерната приклучете ја на 200 степени да се загрее.
  2. Лешниците ставете ги на плех за печење и печете ги во рерната не повеќе од 5 минути, колку за да ја ослободат својата арома. Завиткајте ги во чиста крпа и истријте ги од кафеавата лушпа.
  3. Потоа, лешниците ставете ги во блендер и блендирајте ги околу 3 минути, односно додека се претворат во путер.
  4. Чоколадото стопете го на оган, па измешајте го со медот и додајте ги во садот со путерот од лешници. Блендирајте уште малку додека смесата добие изглед на путер. Вака припремениот путер можете да го чувате во фрижидер најдолго 2 недели.

Извор: sezahrana.mk

Студирајте на БАС
To Top