Новости

Рецепти

Печени панирани тиквички со пармезан

Во топлите, летни денови добредојдени ни се едноставни, лесни рецепти со сезонски зеленчуци. Па, еве токму таков рецепт за печени панирани тиквички со пармезан.

Овие панирани тиквички се актуелни и хит ширум светот, а сега можеме да ги пробаме и ние. Испробани се во кујната на Диана, а лесно се приготвуваат. Ни преостанува само да ги пробаме и да ги препорачаме на сите наши пријатели.

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 1 чаша брашно
  • 2 до 3 големи јајца
  • 2 чаши лебни трошки
  • ½ чаша рендан пармезан
  • 1 лажица оригано
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Тиквичките се мијат и се сечкаат на кругови со дебелина од 5 до 6 мм. Се поросуваат со сол и се оставаат врз кујнска хартија за време од 20 минути. Оваа постапка е важна за да испуштат тиквичките вода.
  2. Рерната се загрева на 200 степени.
  3. Голема тава се обложува со хартија за печење.
  4. Лебните трошки, пармезанот, ориганото, мелениот црн пипер и солта се ставаат во длабок сад. Се мешаат со лажица за да се соединат.
  5. Во друга длабока чинија се матат јајцата со виљушка. Се зачинуваат по вкус.
  6. Брашното се става во плитка чинија.
  7. Штом тиквичките ја испуштиле водата, започнуваме да ги панираме. Прво ги валкаме во брашното, потоа во изматените јајца и на крај во смесата со лебни трошки.
  8. Ги редиме во тавата. Штом завршиме со панирањето, тиквичките ги ставаме да се печат за време од 20 до 30 минути, или додека добијат златеста боја и станат крцкави.
  9. Печените тиквички се вадат од тавата и се служат веднаш, додека се топли. Ако се изладат ќе го изгубат крцкавиот вкус. Топлите панирани тиквички со пармезан се служат со свежа салата, млечен или тартар сос. На здравје!

Извор: sezahrana.mk

СН Финансии
To Top