Новости

Рецепти

СОВЕТ: Еве кога треба да се посолат месото, кромидот, печурките и компирите

Солењето на храната за време на готвењето, зависи од тоа што го готвите. Претходно пишувавме кога се солат гравот, тестенините и оризот, а сега имате можност да дознаете и за други намирници. Како едни од најчесто користените во кујната се кромидот, месото и компирите, па решиме да ги најдеме и откриеме тајните на готвачите. Во продолжение прочитајте ги советите на Сѐ за храна за солење на месо, динстан кромид, печурки и јадења со компири.

Солење на месо

Месото секогаш солете го пред почетокот на печењето. За време на печењето во рерна, на скара или во тава, месото се собира и покасно ги впива сите вкусови. Ако го посолиме месото пред печењето и ги додадеме зачините, тоа подобро ќе ги впие аромите и ќе биди повкусно.

Солење при подготовка на динстан кромид

Познато е дека солта ја извлекува водата од храната. Кога ќе ја додадете на зеленчукот, го омекнува, па затоа е потребно овој факт да се има во предвид пред почетокот на готвењето. Ако сакате кромидот да има темна, златна боја и карамелизирана кора, солта додајте ја на крајот од динстањето. Така ќе го зачините, а нема да биде многу мек. Ако пак сакате помек кромид, посолете го на почетокот на готвењето, одма штом го додадете во маслото. Така ќе спречите да потемни, а ќе добиете мек кромид.

Може да ве интересира: Која е најздрава: морска, калиумова или хималајска сол?

Солење при подготовка на печурки

Тајната на подготовката на динстани печурки е во готвењето на висока температура, со точно одредена количина на масло која е потребна и малку сол, која треба да се додаде на крајот од готвењето. Печурките се богати со вода, па ако ги посолите на почетокот, прерано ќе ги отпуштат сите свои вкусни сокови. На крај нема да добиете резултат како во рестораните. Затоа, секогаш солете ги на крајот од готвењето.

Солење на јадења со компири

Компирите ја впиваат солта многу повеќе во споредба со другите намирници,, па затоа се препорачува да се додадат компири во јадење кои сме го пресолиле за да го извлечи вишокот. За време на готвењето на компири, на почетокот додајте половина од количината на сол која ја пишува во рецептот, за да може компирите да ја впијат солената вода. Останата количина на сол додајте ја откако компирите ќе се сварат.

СН Финансии
To Top