Новости

Рецепти

Ржани грицки со семки – Сѐ за храна

Кога и да гледаме филм, да патуваме некаде или да прошетаме на планина или на ливада, убаво е да има што да се грицне. За крцкаво, вкусно и малку поздраво уживање, да избереме ржани грицки со семки.

Ржот содржи малку глутен, што е значајно за сите кои се осетливи на оваа состојки. Ржот е богата житарица со минерали како манган, селен, калиум, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Покрај тоа, тој е одличен избор витамините од групата Б, како и витамин Е. Како и другите житарици богат е со растителни влакна кои се корисни за регулирање на варењето на храната, стабилизирање на шеќерот во крвта, а имаат позитивен ефект за намалување на холестеролот. Повеќе за неговите карактеристики може да прочитате тука.

Состојки:

  • 1,5 чаша ржано брашно
  • 1,5 чаша бело брашно
  • 200 гр сусам
  • 150 гр чистени семки од сончоглед
  • 100 гр ленено семе
  • 1 лажиче сол
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша пиво
  • 1 (10 гр) прашок за печиво.

Чашата која е користена за мерење е од 200 мл.

Подготовка:

  1. Во сад се ставаат сите состојки и се замесува изедначено тесто.
  2. Потоа, на набрашнета површина се развлекува кора дебела околу 1 см и со калапчиња или со мала чаша се вадат форми. Ако сакате може да ги направите грицките и во вид на соленки.
  3. Готовите форми се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се печат во претходно загреана рерна на 190-200 степени за врмее од околу 20 минути. Одлични се кога се служат ладни со пиво!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

sezahrana.mk

GOLD
SN Finansii
To Top