Новости

Култура

Гробницата на некогаш моќната египетска свештеничка

Археолозите откриле раскошно украсена гробница на древна египетска свештеничка, давајќи редок поглед врз животот на една жена што припаѓала на повисоката класа пред повеќе од 4.000 години.

Гробницата ѝ припаѓала на Хетпет, која служела како свештеничка на Хатхор, божица на плодноста, музиката и танцот. Додека женските свештеници не биле вообичаени во древниот Египет, свештенството на Хатхор вклучувало поголем број свештенички.

Овие наоди го означуваат првото археолошко откритие на Египет за оваа година. Самиот гроб е украсен со извонредно сочувани слики – Хетпет во лов и риболовни сцени и претстави на луѓе што топат метал, изработуваат производи од кожа и танцуваат.

Помеѓу сликите има и необични сцени од мајмуни кои во тоа време биле чувани како миленичиња. Една слика покажува како еден мајмун зема овошје и носи кошница, а друга покажува како мајмун танцува пред оркестар.

Хетпет живеела за време на Петтата династија на Египет, дел од просперитетна ера позната како Старото Кралство. Ова била голема египетска ера на градење на пирамидите, кога владееле фараони и биле изградени голем број храмови и палати.

Нејзиното име првпат било видено на антиквитети откопани во 1909 година на истиот локалитет. Самиот гроб не бил откриен до 2017 година, од тим предводен од Мостафа Вазири, генерален секретар на Египетскиот врховен совет за антиквитети. Тимот се надева дека ќе има повеќе откритија како што продолжува да ја ископува локацијата.

Извор: Факулктети.мк

Студирајте на БАС
To Top