(Видео) Сцената која никого не го oстава рамнодушен - гледајте го филмот „Танчерка“ во 3Д Кино Битола - Шеталиште

Новости

Кино

(Видео) Сцената која никого не го oстава рамнодушен – гледајте го филмот „Танчерка“ во 3Д Кино Битола

На минатогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ беше прикажан филмот „Танчерка“ (LA DANSEUSE) во режија на Стефани Ди Густо. Филмот остави длабока трага на публиката, а особено сцената со уникатниот танц на Луи Фулер (Соко) која изгледа грандиозно на големото платно.

Не пропуштајте повторно да ја гледате проекцијата на овој биографски филм кој ги разбрани духовите на Канскиот фестивал минатата година –  утре во 3Д Кино Битола во 20 часот.

Лои Фулер, од западот на Америка, ни по никаков критериум не е предодредена да стане икона на Belle Epoque, а уште помалку танчарка во париска опера. Но сепак и по цената на болниот грб, таа никогаш нема да престане со усовршувањето на нејзиниот танц. Меѓутоа, запознавањето со Исадора Данкан, младата генијалка гладна за слава, ќе ја доведе до нејзинaта пропаст.

Жанр: Драма, Биографски

Траење на филмот : 116 минути

Режија: Stéphanie Di Giusto

Улоги: Soko, Gaspard Ulliel, Mélanie Thierry, Lily-Rose Depp

Возрасна категорија: Трета категорија, 16+

Дистрибутер: MCF MKD Skopje

Датуми на прикажување:

СРЕДА 21.06.2017. 20:00


Цена на влезниците:
  100 денари

 

To Top