Новости

Филм

Голема промоција на „Сенки над Балканот“ од Драган Бјелогрлиќ во Битола

На Македонската претпремиера на „Сенки над Балканот“, на 24-ти септември (недела) во 19:30 часот, во Големата сала на Центарот за култура Битола, ќе бидат претставени авторот на серијата Драган Бјелогрлиќ, актерите Марија Бергам, Андрија Кузамовиќ, Петар Арсовски, Тони Михајловски, Јана Стојановска, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула, кинематограферот Иван Костиќ, продуцентите Горан Бјелогрлиќ и Томи Салковски и режисерот на осмата епизода Игор Иванов.

„Сенки над Балканот“ беше промовирана на Сараевскиот Филмски Фестивал и Филмските средби во Ниш, каде предизвика позитивни реакции и воодушевување кај публиката, па очекуваме дека серијалот ќе биде проследен со голем интерес. Телевизиското прикажување на серијата е закажано за крајот на октомври оваа година.

Да потсетиме дека „Сенки над Балканот“, по концепт и во режија на Драган Бјелогрлиќ, е меѓународна копродукција помеѓу Кобра Филм – Србија, Скопје Филм Студио – Македонија и Искра- Русија. Како копродуценти со свое учество се вклучија и Српската радиотелевизија, Радиотелевизија на Република Српска и Македонската радиотелевизија, а финансиска поддршка даде и Агенцијата за филм на Република Македонија.

 

GOLD
SN Finansii
To Top