Новости

Филм

Дводневен филмски фестивал во прилепското кино „Мис Стон“

Дводневен филмски фестивал Winter Apricots, каде што филмовите, музиката и луѓето ќе бидат вистинските протагонисти, ќе се одржи денеска и утре во кино „Мис Стон“.

Стартот на второто издание е во 20 часот. Организаторите на овој независен филмски фестивал со нетрпение го очекуваат почетокот на оваа авантура која како и претходната година ќе понуди богата и квалитетна програма. Десет интернационални кратки филмови меѓу кои и еден македонски ќе се борат за главната награда, и трите споредни награди, за кои што ќе одлучува интернационално жири.

И годинава фестивалот ќе понуди богата прудружна програма, работилници и завршна церемонија.

Студирајте на БАС
To Top