Новости

Филм

Екипата на филмот „Златна петорка“ најавува судска постапка против ДФРМ

Режисерот на македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ Горан Тренчовски и продуцентот Дејан Милошевски денеска на прес-конференција реагираа на одлуката на Комисијата на Друштвото на филмски работници Македонија да нема претставник за Оскарот и најавија покренување судска постапка.

Одлуката, како што појаснија, не ја признаваат и сметаат дека зад тоа постојат други задни намери.

– Се чувствуваме оштетени, длабоко повредени и за таа повреда, нанесена штета, за угледот и за сите моменти кои се случуваат кон продукцијата и кон филмот, кон понатамошната продукција и моето присуство како режисер ќе бидат гонети по судска постапка, истакна Тренчовски.

Според него, вистинската причина за спречувањето за номинација на филмот „Златна петорка“ не е квалитетот на нашиот филм туку, како што рече, тоа се најмалку две други причини. Првата причина, како што наведе, е идеолошка, а другата е обидот за нанесување лична штета за да не добие поддршка за неговиот следен долгометражен игран филм.

Режисерот Тренчовски информира дека минатата недела имале средба со премиерот Зоран Заев, а оваа недела ќе се сретнат со претседателот Иванов, со министерот за култура Алаѓозовски и со претставници од амбасадите.

Филмот „Златна петорка“ досега има освоено шест меѓународни награди. До крајот на година филмот ќе биде селектиран на 25 меѓународни филмски фестивали. За неполни 12 месеци филмот го имаат видено 17.000 гледачи во Македонија, а надвор од државата околу 80.000. Неодамна беше прикажан во Њу Делхи и Мумбај каде ја доби наградата Најдобар странски филм, а беше прикажан и во Њу Џерси каде имаше своевидна американска премиера. „Златна петорка“ вечер ќе има чешка премиера во Брно во рамки на Балкан филм фест./МИА

Студирајте на БАС
To Top