Новости

Филм

Кинематографери од поеќе земји денеска се претставија на „Браќа Манаки“

Кинематографери, продуценти и актери од Австрија, Италија и Унгарија, денеска говореа за своите филмови кои публиката имаше можност да ги погледне како дел од програмата на фестивалот, а ги објаснија и предизвиците на кинематографијата во своите држави.

Унгарскиот филм од главна компетиција „Месечината на Јупитер“, кој раскажува интересна приказна за бегалец кој се стекнува со моќ за левитирање, предизвика голем интерес кај публиката, со оглед на општествениот аспект на темата со бегалците Кинематограферот Марсел Рев, на денешната прес конференција објасни дека сценариото за филмот всушност било напишано цела година пред да се случи бегалска криза, а сплетот на настани кои следеле во Унгарија, само придолнеле кон актуелноста и популарноста на филмот.

За техничкиот дел со снимањето, кинематограферот објасни дека предизвик било да се снимаат сцените каде што главниот лик левитира, па морале да снимаат со кран.

-Се трудевме секоја од сцените со летање да изгледа поразлично и тоа беше главниот предизвик на снимањето. Филмот е инаку во најголем дел снимен на 35 милиметри, освен во неколку сцени каде што беше невозможно тоа да се изведе и моравме да се префрлиме на дигитална технологија. Сакавме да креираме вистински источноевропски филм, во кој ќе се долови сета суровост.. а со 35 милиметри се доловува токму тој груб, валкан изглед- вели Рев.

Што се однесува пак до политичката тема, која веројатно најмногу ја интересираше публиката, Рев објасни дека се обиделе да ја прикажат мигрантската криза од повеќе аспекти.

-Кога живееш во непосреден допир со бегалската криза, ги гледаш обете страни на ситуацијата. Сфаќаш дека за некои луѓе тој прилив на мигранти делува страшно, посебно во економски послабите држави, а и Унгарија како држава постојано ги подгрева тие стравови кај луѓето. Од друга страна пак,  човечка одговорност е да им се помогне на тие луѓе кои побегнале од страшна војна – рече Рев.

Карин Шифер од Австрискиот филмски центар, заедно со кинематограферот Мартин Гешлахт ги објаснија предизвиците за филмската индустрија во Австрија.

Карин Шифер која се занимава со промоција на австриските филмови и нивно пласирање на светските фетивали, истакна дека за жал понекогаш е полесно да се допре до странскиот пазар, отколку до домашната публика, која е многу помалубројна.

-Фестивалите се неминовни во процесот на промоција на нашите филмови. Тие скоро едиствените места каде што може да се добие видливост за условно речено, помалите филмови. За австриските филмови полесно е да се постигне интернационален успех, отколку да се популаризираат на домашниот пазар. Тоа е едно од прашањата за кои бараме решение – вели Шифер.

Мартин Гешлахт пак, кој работи и како продуцент покрај неговата основна вокација како кинематографер, истакна дека австрискиот пазар е доста специфичен.

-Австрискиот пазар е многу мал. Неизводливо е еден филм да се направи и да се пласира само во Австрија. Друг проблем е што Германскиот пазар не ни е достапен, поради јазичните разлики, нашите филмови таму треба да одат со превод и тоа е исто така големо ограничување – објасни Гешлахт.

Мартин Гешлахт е инаку по четврти пат на фестивалот „Браќа Манаки“, а еднаш бил и во улога на член на жирито. Оваа година тој се претстави како кинематографер со два свои филма во програмата „Земја во фокус“ и тоа со  „Добра ноќ мама“ и дистопискиот филм „Скриени резерви“, на кој постигна одлични визуелни ефекти и покрај нискиот буџет на филмот.

Италијанскиот режисер Микеле Де Ангелис и неговиот кинематографер Езио Гамба, говореа за својот надрелен филм, Студија на случај: Човекот во камерата.

Се работи за филм составен од повеќе секвенци, од кои повеќето во надреалистички стил, чија идеја е да се долови носталгијата кон киното од минатиот век.

-Јас сум заинтересиран за стари филмови. Според мене филмот умре во 70те години нам инатиот век и оттогаш само ги рекреираме веќе видените работи. Па така, овој филм е омаж на старите филмови – истакна Микеле Де Ангелис.

Тој исто така изјави дека надреалниот филм е единствениот можен филм, а играњето со повеќе жанрови е негова пасија во работата.

-Надреалониот филм е единствениот можен филм. Дури и ќе одам уште подалеку и ќе речам дека единствената реалност е филмот – филмот е реалноста! – вели Де Ангелис.

Софија, актерката која игра во неговиот филм исто така беше присутна покрај режисерот и кинематограферот. Микеле Де Ангелис ја забележал на грчкото приморје и едноставно ја повикал да глуми во неговито филм.

-Сакам да му се заблагодарам на режисерот за можноста да бидам овде со вас. Јас не сум актерка, Микеле ме забележа во мојата родна Грција и едноставно ме викна да работам со него – истакна таа.

Филмот е работен во соработка со македонски копродукциски тим,  па постпродукцијата е во целост завршена токму во Македонија.

Продуцентката Корнелија Ристевска истакна дека е реткост за држава како Македонија да соработува со поголеми држави бидејќи ние носиме значително помало учество во вкупниот буџет на филмот, но се надева дека оваа соработка со италијанскиот итм ќе отвори и други перспективи.

Микеле Де Ангелис пак за крај истакна дека има роднини во Македонија и навистина би сакал да снима филм овде.

-Во моментов работам на уште три сценарија. Би сакал барем две од нив да бидат снимени во Македонија – вели Де Ангелис.

Вчера беше прикажамн првиот дел од Програмата на кратки филмови кои учесатвуваат во компетицијата за Малата Златна Камера 300, а денес ќе се прикаже и вториот дел.

На прес коференцијата гостуваа неколку претставници  од тимовите кои работеа на македонските кратки филмови – учесници во компетицијата.  Најмлада помеѓу присутните беше Моника Бошковиќ, девојчето кое играше во „Железна приказна“, филмот во режија на Златко Калеников.

Режисерот објасни дека иако се работи за сериозна и социјално сензитивна тематика, тој одбрал да го сними од детска перспектива, за на крај да добие еден ведар и оптимистички продукт.

-Свесен сум дека оваа светла, наивна форма не секогаш е приемчива за филмските фестивали, но моја цел беше да го поставам акцентот на наивноста на детската перспектива и да напшравам приказна со светол крај, снимена во светли и јасни бои кои се користат при снимање на детските филмови – вели Калеников.

Ивана Шекутовска, продуцентката од „Стрим он филм“, рече дека овој филм е дебитантско дело на нивната продукциска куќа и се надева на понатамошно соработки со тимот.

Краткиот филм „Амби“ во режија на Марија Апчевска кој се прикажа вчера,  ја допира темата за алкохолизмот:

-Сценариото за филмот е изработено без конкретна цел, едноставно се работи за приказна која сакав да ја раскажам, а ова е моја втора соработка со Влатко Самоиловски зад камерата – истакна Апчевска.

Кинеамтограферот Наум Доксевски, оваа година се претстави со два филмови во компетицијата за краток филм. Едниот во соработка со режисерката Дина Донева, а другиот со Горан Столевски.

-За прв пат имав прилика да ги погледнам и двата филма во иста вечер и да ги споредам. Навистина се работи за драстично различни филмови, кај кои користев различен пристап на снимање, во согласност со идејата на режисерите. Кај филмот на Дума користев статични кадри за да се долови атмосферата, а со Столевски снимавме со рачна камера, за да се долови тој документаристички пристап на близина до актерите – рече Доксевски.

Продуцентката Марија Димитрова од „Круг филм“ која соработуваше со Дина Дума, истакна дека за кратките и поекспериментални филмови до сега не се обиделе да конкурираат во Агенцијата за филм на РМ и ги реализираат во соработка со други продуцентски куќи од Македонија.

-Не би знаела затоа што никогаш не сме се обиделе бидејќи знаеме дека можеме а го реализираме во соработка со другите продукции. Јас лично мислам дека немаат слух за вакви кратки и поекспериментални филмови, барем не се уште. Можеби во следниот период тоа ќе се отвори закако еден сегмент кој Агенцијата ќе го развива, затоа што сметам дека таквите филмови на нашата кинематографија и се потребни, затоа што носат една свежина и рзноликотс, еден нов начин на размислување – рече Димитрова.

Актерката Сара Климоска го пренесе поздравот од режисерот Горан Столевски кој не беше присутен во Битола, изразувајќи го задоволството што работела со него, бидејќи смета дека е одличен и сериозен режисер со потенцијал за многу успеси во иднина.

На вчерашната студентска програма пак, беа прикажани четири кратки филмови на студенти по филм од Романија. Од режисерите на филмовите присуствуваа Теона Галготиу и Богдан Маринеску, кои низ разговор со публиката ги објаснија идеите и мотивите за снимањето своите филмови. Исто така стана збор за романската кинематографија, а младите студенти објаснија дека пред револуцијата во Романија се снимале исклучиво пропагандни филмови, а потоа тоа се променило.

По студентската програма прикажан беше филмот „Скриени резерви“ во програмата Фокус – Австрија, а пред самата проекција, беше испратен поздрав од австриската амбасадорка, Рената Корбар, кој пред публиката го пренесе Валентина Илиева.

 

 

 

Во соработка со „Првите филмови на прво место“ (First Film First) на 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ мастерклас одржа и светски познатата сценографка Марија Ѓурковиќ, која досега работела како продукциски дизајнер на триесетина филмски остварувања, меѓу кои и култните филмови „Били Елиот“, „Часови“, „Мама миа“ , а има многу номинации и награди на британски и европски фестивали.

Во рамките на мастеркласот Ѓурковиќ се задржа на работата со режисерот Стивен Далтри на продукцискиот дизајн на филмовите „Били Елиот“ и „Часови“. Во однос на креацијата на сценографијата за одреден филм, Ѓурковиќ објасни дека секој детал во сценографијата е дел од „големата слика“, односно има влијание во дефинирањето на карактерите на ликовите во филмот и го потенцира дејството во приказната. Кога станува збор за филмови во кои се преплетуваат повеќе историски периоди, како во „Часови“, таа настојува различните периоди да ги обедини во една визуелна естетика.

 

На програмата денеска, во главната компетиција ќе се прикажат рускиот филм „Како Виктор Лукчето го однесе Алексеј Коњот во центарот за инвалиди“ и унгарскиот „За тело и душа“. Во програмата Европски перспективи е филмот „Албум“ , а од програмата земја во фокус, данскиот „Клучно куќно огледало“. Во чест на браќата Манаки, ќе има проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“ на режисерот  Роберт Јанкуловски.

Студирајте на БАС
To Top