Новата сезона на серијата „Game of Thrones“ во 2019 година - Шеталиште

Новости

Филм

Новата сезона на серијата „Game of Thrones“ во 2019 година

Новата сезона на серијата „Game of Thrones“ ќе има најмалку епизоди досега, но продуцентите велат дека се дури и повеќе зафатени отколку за претходните сезони.

Актерите во серијата открија дека новата сезона на „Game of Thrones“ ќе се снима до наредното лето, а првата епизода ќе можеме да ја очекуваме дури во 2019 година.

„Ќе снимаме до лето. За десетте епизоди од претходната сезона ни требаа шест месеци, а сега за само шест епизоди ќе ни треба многу подолго време, што значи дека епизодите ќе бидат подолги и напнати“, изјави Лиам Канингем, кој го толкува ликот на Давос Сиворт.

Снимањето на новата сезона почнува месецов, а режисерите Дејвид Бениоф и Ден Вајс претходно напоменаа дека за материјалот кој е предвиден, би им требало околу една година за да завршат со снимање на сезоната.

To Top