Новости

Филм

Последните предвидувања за номинациите за Оскар 2018

До средината на јануари, сезоната за доделување на награди во филмската индустрија веќе е започната и постојано се објавуваат предвидувања. Сега се очекува објавувањето на номинациите за најпрестижната награда – „Оскарите“. Номинациите ќе бидат официјално соопштени на јавноста на 23 јануари, но ова се последните предвидувања на „Венити Фер“ за сите категории:

Најдобар филм

„Call Me by Your Name“
„Darkest Hour“
„Dunkirk“
„The Florida Project“
„Get Out“
„I, Tonya“
„Lady Bird“
„The Post“
„The Shape of Water“
„Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“

Немало номинирани 10 филмови за најдобар филм уште од 2011 година, но овој пат тоа може да се смени. Сите горенаведени филмови, според критиките ја заслужуваат номинацијата. Можно е само некои од нив да бидат заменети со на пример, „Mudbound“, „The Big Sick“, или „Wonder Woman“.

Најдобра актерка

Сели Хокинс, „The Shape of Water“
Френсис МекДорманд, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“
Маргот Роби, „I, Tonya“
Сирше Ронан, „Lady Bird“
Мерил Стрип, „The Post“

Френсис МекДорманд е фаворитот за победа во оваа категорија, благодарение на нејзината одлична изведба за оваа година. Мерил Стрип е секогаш исто така меѓу фаворитите, но и Сели Хоинс и Сирше Ронан се, според критиките, одлични и тоа во филмови кои публиката ги оцени со многу високи резултати.

Најдобар актер

Тимоти Шаламеј, „Call Me by Your Name“
Даниел Деј Луис, „Phantom Thread“
Џејмс Франко, „The Disaster Artist“
Даниел Калуја, „Get Out“
Гери Олдман, „Darkest Hour“

Гери Олдман со својата изведба на Винстон Черчил, е фаворитот во оваа категорија. Иако Франко има изведба за паметење, сепак целокупната ситуација со обвинувањата за сексуално вознемирување кон него, можно е да бидат пречка во освојувањето на гласови. 22- годишниот Тимоти, кој доби номинација и на „Златните глобуси“, е во игра, но можно е меѓу номинираните да се најде и искусниот веќе докажаниот Том Хенкс.

Најдобра актера во споредна улога

Мери Џ. Блајџ, „Mudbound“
Холи Хантер, „The Big Sick“
Алисон Џени, „I, Tonya“
Лори Меткалф, „Lady Bird“
Октавија Спенсер, „The Shape of Water“

Оваа категорија е голема битка, со оглед на одличните филмови и незаборавни изведби на наведените актерки. Сите се искусни и одлични во она што го работаат, па многу е тешко да се предвиди кој би можел да го земе „Оскарот“.

Најдобар актер во споредна улога

Вилијам Дафо, „The Florida Project“
Арми Хамер, „Call Me by Your Name“
Ричард Џенкинс, „The Shape of Water“
Кристофер Пламер, „All the Money in the World“
Сем Роквел, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“

Роквел и Дафо се огромни фаворити во оваа категорија. Но, во игра е и Пламер, кој го презеде местото на Кевин Спејси во улогата, заради обвинувањата за сексуално вознемирување. Има шанса и Вуди Харелсон кој исто така глуми во филмот со Сем Роквел, да се најде меѓу листата на номинирани.

Најдобар режисер

Гиљермо дел Торо, „The Shape of Water“
Грета Гервиг, „Lady Bird“
Мартин МекДона, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“
Кристофер Нолан, „Dunkirk“
Џордан Пил, „Get Out“

Многу непредвидлива категорија, но со голема конкуренција. Многу е можно и Стивен Спилберг да влезе во игра, но категоријата за најдобар режисер навистина е тешка да се предвиди.

Најдобро оригинално сценарио

„Get Out“
„Lady Bird“
„The Post“
„The Shape of Water“
„Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“

Од „Венити Фер“ сметаат дека во оваа категорија може да победи било кој од наведените филмови, а многу веројатно е и да се политизираат одлуките.

Најдобро адаптирано сценарио

„Call Me by Your Name“
„The Disaster Artist“
„Molly’s Game“
„Mudbound“
„Wonder“

Многу внимание тука се посветува на последниот филм, кој заработи 230 милиони долари ширум светот, а и доби одлични критики.

Најдобра монтажа

„Baby Driver“
„Dunkirk“
„Get Out“
„The Shape of Water“
„Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“

Паметното монтирање е клучна состојка за креирање на успешен филм. Наведените филмови сигурно дека тоа го имаат.

Најдобар продукциски дизајн

„Beauty and the Beast“
„Blade Runner 2049“
„Darkest Hour“
„Dunkirk“
„The Shape of Water“

Ова е една од техничките категории, каде што се смета дека најмногу шанси има „The Shape of Water“.

Најдобра костимографија

„Beauty and the Beast“
„The Greatest Showman“
„Murder on the Orient Express“
„Phantom Thread“
„The Shape of Water“

Секој пат има фасцинантни филмови номинирани во оваа категорија, па и годинава тоа нема да биде исклучок. Сите наведени филмови имаат одлична костимографија, па тешко е да се предвиди кој ќе ја добие златната статуетка.

Шминка и фризура

„Darkest Hour“
„Guardians of the Galaxy Vol. 2“
„Wonder“

Трансформацијата на Гери Олдман во „Darkest Hour“, како Винстон Черчил, заслужува големо внимание и пофалби. Можеби тој филм ќе биде победникот во оваа категорија, иако конкуренцијата е голема, особено ако се земе изгледот на малиот Џејкоб Тремблеј во „Wonder“.

Кинематографија

„Blade Runner 2049“
„Call Me by Your Name“
„Dunkirk“
„Mudbound“
„The Shape of Water“

Моќни филмови во оваа категорија, со голема конкуренција.

Визуелни ефекти

„Blade Runner 2049“
„Dunkirk“
„The Shape of Water“
„Star Wars: The Last Jedi“
„War for the Planet of the Apes“

„Војна на ѕвездите“ е веројатно фаворитот во оваа категорија, но и другите наслови се заслужени наведени токму тука.

Најдобар документарен филм

„City of Ghosts“
„Faces Places“
„Icarus“
„Jane“
„Last Men in Aleppo“

Два документарни филмови во оваа категорија се за случувањата во Сирија, па малку е тешко да се предвиди кој ќе ја земе наградата, со оглед на комплексноста и длабочината на приказните.

Најдобра оригинална песна

„Evermore“,  „Beauty and the Beast“
„Mystery of Love“, „Call Me by Your Name“
„Remember Me“, „Coco“
„This Is Me“, „The Greatest Showman“
„The Star“, „The Star“

Успешни тимови кои на светот му ги презентираа некои од најдобрите песни во филсмката индустрија. Голема конкуренција, во секој случај.

Најдобра филмска музика

„Coco“
„Darkest Hour“
„Dunkirk“
„Phantom Thread“
„The Shape of Water“

Ханс Зимер, Александер Десплат. Големи имиња меѓу номинираните и голема конкуренција.

Најдобар анимиран филм

„The Boss Baby“
„The Breadwinner“
„Coco“
„Loving Vincent“
„The Lego Batman Movie“

Можеби „Coco“ е фаворитот во оваа категорија, но годинава ситуацијата не е баш лесна за предвидување.

Најдобра монтажа на звук

„Baby Driver“
„Blade Runner 2049“
„Dunkirk“
„The Shape of Water“
„Star Wars: The Last Jedi“

Воената драма на Кристофер Нолан е меѓу фаворитите, но и „Последниот џедај“ котира високо во оваа категорија.

Најдобар микс на звук

„Baby Driver“
„Dunkirk“
„The Greatest Showman“
„The Shape of Water“
„Star Wars: The Last Jedi“
Најдобар странски филм
„A Fantastic Woman“
„Foxtrot“
„In the Fade“
„Loveless“
„The Square“

Филмовите во оваа категорија обично се мрачни, а и оваа година не е исклучок. Има филмови од Чиле, Германија, Израел, Русија и Шведска кои се во трката за најдобар странски филм.

 

GOLD
SN Finansii
To Top