Новости

Филм

Фестивал на италијански филм во Битола

Амбасадата на Р.Италија во Скопје и Јазично студио ЛИНГВА, во соработка со НУ Центар за култура Битола организираат Фестивал на италијански филмови во Битола- FINESTRA SUL CINEMA ITALIANO во рамките на XVII Недела на италијански јазик во светот.
Од 19 до 22 октомври секоја вечер во 20.00 часот во малата сала на Центарот за култура Битола. Влезот е бесплатен.

Фестивалот ќе го отвори Н.Е. г-н Карло Ромео, амбасадор на Р.Италија во Р.Македонија во четврток 19 октомври 19:30 часот во малата сала на Центарот за култура.
ПРОГРАМА:
19.10.2017 – СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ (трилер)
20.10.2017 – ПРОСТЕТЕ ШТО ПОСТОЈАМ (комедија)
21.10.2017 – ВИНОГРЕВ (комедија)
22.10.2017 – СПОУЛАВЕН ОД ЖЕНИ (комедија)

Студирајте на БАС
To Top