Новости

Филм

25 -то издание на фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“

„Од сон до јаве“ е мотото на годинешното јубилејно 25-то издание на фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ кој ќе се одржи на 27 ми и 28 ми октомври.

Оваа година пристигнаа 42 филмови од 12 земји.

Филмовите ќе ги оценува интернационално жири и тоа, д-р Стефан Сидовски претседател , проф. д-р Станимир Трифонов од Бугарија, Владимир Анѓелковиќ од Белград, Србија, Јосип Грозданиќ од Хрватска, проф. д-р. Мишо Нетков Македонија.

Жирирањето веќе е во тек, а свеченото отворање на фестивалот е на 27- ми со доделување на наградите и признанијата .Оваа година ќе се доделат гран при плакета Милтон Манаки, златна, сребрена и бронзена камера 300, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија Драги Савевски, награда за најдобра репортажа и награда на Уника. Во изминатиот период на фестивалот учествуваа преку 800 филмови.

Студирајте на БАС
To Top