Новости

Кино

Битолска премиера на македонскиот филм „Исцелител“

Откако ја освои публиката по филмските фестивали следува и битолска премиера на филмот ИСЦЕЛИТЕЛ  на која ќе присуствува режисерот  Ѓорче Ставрески и дел од екипата на филмот. Премиерата ќе се одржи на  22.12.2017 год.со почеток во 20.00 ч. во Голема сала на НУ Центар за култура Битола.

КРАТОК СИНОПСИС

Веле работи во железничкото депо како механичар и платата му доцни со месеци. Немајќи пари да купи лекови за својот татко кој е болен од рак, тој прави колач со украдена марихуана за да му ги ублажи неподносливите болки. Одеднаш е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои сакаат рецепт за „магичниот“ колач, а во Веле гледаат нова надеж – исцелител.

Сценарио, режија и продукција: Ѓорче Ставрески
Улоги: Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Михиќ ,Мирослав Петковиќ ,Диме Илиев ,Симона Димковска

Датуми на прикажување:
Петок 22.12.2017. 20:00
Сабота 23.12.2017. 20:00
Недела 24.12.2017. 20:00

GOLD
SN Finansii
To Top