Во Кан читаат за битолското 3Д кино - Шеталиште

Новости

Кино

Во Кан читаат за битолското 3Д кино

ЦК Битола и 3D киното се дел од новото издание на престижниот филмски магазин “Europa cinemas network review”, кој во 3000 примероци ќе биде разделен на гостите на овогодинешниот Кански филмски фестивал.

„Нашата институција е рамо до рамо со кина од Германија, Франција, Шпанија…како кино сали со најкреативен пристап кон создавање и негување на публиката! Навистина сум горд на овој проект, за кој имаше многу скептици на самиот почеток и секако благодарен на целиот тим,“ напиша директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски на фејсбук споделувајќи ја оваа вест која го израдува тимот на 3Д Кино Битола.

 

 

To Top