Новости

Кино

Голем интерес за филмот „Убиство во Ориент Експрес“ кај битолчани

Минатиот четврток беше премиерата на филмот „Убиство во Ориент Експрес“ која побуди голем интерес кај битолчани кои дојдоа во голем број.

Интересот за филмот продолжи и деновиве, а за само две проекции филмот го видоа над 900 посетители.

Токму заради големиот интерес, од 3Д Кино Битола информираат дека ќе има уште две дополнителни проекции викендов, во петок 22:15 и недела во 18 часот.

Доколку не сте го гледале Кенет Брана како Поаро, проверете го репертоарот на 3Д Кино Битола и не го пропуштајте ова одлично филмско остварување.

MURDER ON THE ORIENT EXPRESS

Она што започнува како луксузно патување низ Европа се претвора во една од највозбудливите и стилизирани мистерии досега прикажани. Филмот, базиран на романот на успешениот автор Агата Кристи, „Убиство во Ориент Експрес“ ја раскажува приказната за останатите тринаесет странци во воз, каде што секој е осомничен. Тие се во трка со времето да се реши мистеријата пред убиецот повторно да нападне. Кенет Брана не води во приказната со фантастична актерска екипа, меѓу кои и Пенелопе Круз, Вилијам Дефо, Џуди Денч, Џони Деп, Мишел Фајфер, Дејзи Ридли и Џош Кад.

Жанр: Криминалистички, Драма, Мистерија

Траење на филмот : 116 минути

Режија: Kenneth Branagh

Улоги: Johnny Depp, Kenneth Branagh, Daisy Ridley

Возрасна категорија: Втора категорија, +12

Дистрибутер: MCF MKD Skopje

Датуми на прикажување:

Четврток 09.11.2017. 20:00
Недела 12.11.2017. 22:00
Понеделник 13.11.2017. 22:00
Вторник 14.11.2017. 20:00
Среда 15.11.2017. 20:00
Петок 17.11.2017. 22:15
Недела 19.11.2017. 18:00

 

Цена на влезниците:  150 денари.

Karmen
To Top